Македонија
Регистрирани нови 619 случаи на Ковид-19 и 4 починати лица
Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.253 теста, а регистрирани се нови 619 случаи на Ковид-19.
Од вкупниот број позитивни (619), регистрирани се 127 реинфекции.
Регистрирани сe 803 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица. Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, регистрирани се 4 починати лица од: Охрид (94), Битола (80), Куманово (84) и Штип (72). Две лице се починати во болнички услови и две во домашни услови. Лицата за починати се регистрирани во периодот од 30.7 до 3.8.2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2.134.298 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 334.562, бројот на оздравени пациенти е 321.243, на починати е 9.414, а бројот на активни случаи изнесува 3.905
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 157.575, Активни 1.560
Куманово 17.802, Активни 186
Битола 17.310, Активни 273
Прилеп 15.125, Активни 149
Тетово 14.266, Активни 158
Кавадарци 11.704, Активни 178
Велес 10.561, Активни 115
Гостивар 10.137, Активни 124
Охрид 9.909, Активни 239
Струмица 8.625, Активни 112
Штип 8.575, Активни 96
Кичево 5.972, Активни 49
Кочани 5.383, Активни 70
Струга 5.076, Активни 96
Гевгелија 4.703, Активни 63
Неготино 4.031, Активни 77
Ресен 2.960, Активни 38
Радовиш 2.766, Активни 68
Свети Николе 2.751, Активни 16
Крива Паланка 2.573, Активни 25
Делчево 2.055, Активни 32
Берово 1.783, Активни 32
Дебар 1.780, Активни 31
Валандово 1.575, Активни 15
Виница 1.438, Активни 12
Пробиштип 1.292, Активни 4
Богданци 1.075, Активни 16
Кратово 1.070, Активни 24
Крушево 1.000, Активни 20
Демир Хисар 904, Активни 9
Македонски Брод 776, Активни 4
Демир Капија 617, Активни 6
Македонска Каменица 531, Активни 4
Пехчево 498, Активни 4
Дојран 364, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката
Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна на министерот за правда Игор Филков во неговото последно јавно појавување поврзано со куќниот притвор на поранешниот вицепремиер, Артан Груби.
Од партијата оценуваат дека извршната власт нема уставно право да сугерира како треба да функционираат судските органи и дека улогата на Министерството за правда е да го штити интегритетот и независноста на судството, особено во чувствителни случаи со засилена политичка поларизација.
„Министерот за правда, наместо да го заштити судскиот систем од партиска хистерија, дополнително го поттикнува тоа, создавајќи клима на однапред донесена пресуда и јавно испраќајќи пораки што вршат притисок врз обвинителите и судиите“, наведуваат од ДУИ.
Според нив, ваквите изјави претставуваат директно мешање во тековна постапка и сериозен удар врз правосудниот систем, со што се загрозува интегритетот на постапката и принципот на поделба на власта.
ДУИ го повикува министерот да се воздржи од понатамошно јавно мешање, а Министерството за правда, како што велат, преку јасна и одговорна комуникација да ја гарантира независноста на судството. Во спротивно, сметаат дека министерот треба да биде разрешен.
Партијата најавува дека ќе продолжи да го следи секое дејствие што, според нив, создава клима на линч и ќе ги информира своите стратешки партнери – САД, Европската Унија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Реакцијата на ДУИ следува по прес-конференцијата на министерот за правда Игор Филков, кој побара отчетност и детално образложение за одлуката за замена на мерката притвор со куќен притвор во случајот со Груби, кој е под истрага за криминал вреден 8 милиони евра во Државна лотарија.
Филков посочи дека станува збор за лице кое 14 месеци било во бегство, за кое претходно бил утврден ризик од бегство, и јавно ги повика судскиот и обвинителскиот совет да утврдат дали има одговорност кај судијата и јавниот обвинител за одлуката за куќен притвор.
Македонија
Утре сончево време со температура до 16 степени
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h), информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури.
Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од корисниците на Гази Баба утре без вода
Дел од корисниците на Општина Гази Баба утре ќе останат без вода.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 25.02.2026 година ( среда ) имаат планирано неколку интервенции и тоа поради промена на вентил од 2.5“ на ул.Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности“, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи Скопје.

