Македонија
Регистрирани нови 68 случаи на Ковид-19 и три починати лица
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 659 тестови, а регистрирани се 68 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 50, Прилеп – 5, Кавадарци и Штип – по 3, Куманово, Битола и Велес – по 2, Кичево- 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирано е едно починато лице од Скопје (83г), починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин, се регистрирани две починати лица од Битола (81г) и Прилеп (71г), починати во болнички услови. Починатите се пријавени во период од 18 – 28.09.2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2.181.930 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 344.031, бројот на оздравени пациенти е 334.202, на починати е 9.564, а бројот на активни случаи изнесува 265.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 162249, Активни 192
Куманово 18247, Активни 5
Битола 17987, Активни 13
Прилеп 15555, Активни 24
Тетово 14473, Активни 0
Кавадарци 12098, Активни 5
Велес 10814, Активни 3
Охрид 10320, Активни 2
Гостивар 10279, Активни 2
Струмица 8784, Активни 3
Штип 8773, Активни 7
Кичево 6076, Активни 1
Кочани 5544, Активни 0
Струга 5173, Активни 0
Гевгелија 4884, Активни 0
Неготино 4151, Активни 2
Ресен 3029, Активни 0
Радовиш 2836, Активни 0
Свети Николе 2795, Активни 0
Крива Паланка 2660, Активни 0
Делчево 2184, Активни 1
Берово 1876, Активни 1
Дебар 1812, Активни 0
Валандово 1600, Активни 0
Виница 1478, Активни 0
Пробиштип 1299, Активни 0
Кратово 1133, Активни 2
Богданци 1102, Активни 0
Крушево 1039, Активни 1
Демир Хисар 929, Активни 0
Македонски Брод 801, Активни 1
Демир Капија 628, Активни 0
Македонска Каменица 534, Активни 0
Пехчево 519, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар и на Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, извести АМСМ.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар, а до 80 метри на планинскиот превој Стража.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. За време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m2). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во почетокот на следната седмица ќе има заладување и врнежи кои претежно ќе бидат од снег.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.

