Македонија
Регистрирани се 1039 нови случаи на Ковид-19, починаа 15 лица
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3143 тестирања, а регистрирани се 1039 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-546, Куманово-38, Штип-27, Прилеп-83, Тетово-30, Струга-24, Велес-25, Битола-41, Охрид-32, Кавадарци-18, Гостивар-48, Гевгелија-14, Струмица-9, Крива Паланка-5, Радовиш-7, Крушево-4, Пробиштип-5, Демир Хисар-6, Македонски Брод -3, Пехчево-1, Берово-1, Валандово-3, Виница-3, Делчево-3, Кратово-1, Свети Николе-9, Кичево-28, Ресен-14, Неготино-11.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 998 оздравени пациенти од: Скопје-402, Куманово-63, Дебар-6, Штип-43, Прилеп-57, Тетово-72, Велес-86, Кавадарци-30, Гостивар-45, Гевгелија-19, Струмица-40, Крива Паланка-9, Радовиш-13, Кочани-34, Пробиштип-11, Македонски Брод-1, Берово-4, Валандово-4, Виница-14, Кратово-9, Свети Николе-19, Неготино-17.
Починати се 15 лица, шест пациенти од Прилеп (65, 65, 69, 69, 69 и 72), пациент од Скопје (73), од Дебар (60), пациент од Велес (71), пациент од Битола (64), од Кавадарци (66), од Демир Хисар (84), од Свети Николе (56), од Кичево (55) и пациент од Ресен (84). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 56164, бројката на оздравени пациенти е 33892, на починати е 1561, а бројот на активни случаи изнесува 20711. Од вчера се евидентираат два контролни теста, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 24660, активни 9985
• Куманово 3482, активни 915
• Дебар 430, активни 80
• Штип 2466, активни 515
• Прилеп 2688, активни 982
• Тетово 3579, активни 946
• Струга 1306, активни 442
• Велес 1778, активни 709
• Битола 1765, активни 905
• Охрид 1429, активни 620
• Кавадарци 1077, активни 427
• Гостивар 2210, активни 795
• Гевгелија 672, активни 221 (49 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 120 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1564, активни 566
• Крива Паланка 398, активни 122
• Радовиш 394, активни 117
• Крушево 117, активни 75
• Кочани 1159, активни 290
• Пробиштип 327, активни 70
• Демир Хисар 179, активни 80
• Македонски Брод 148, активни 33
• Пехчево 95, активни 24
• Берово 335, активни 92
• Валандово 194, активни 71
• Виница 348, активни 171
• Делчево 405, активни 181 (112 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 145, активни 62
• Свети Николе 758, активни 212
• Кичево 1157, активни 545
• Ресен 414, активни 176
• Неготино 485, активни 282 (51 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 3143 теста се преку: ИЈЗ-643, ЦЈЗ Скопје-79, Авицена-362, Биотек-376, МАНУ -262, Жан Митрев (Филип Втори)-306, Систина со PCR метода -256, лабораторија Лаор –50, Судска медицина-3, ЦЈЗ Битола-77, Инфективна клиника-13, ГАК-11, Синлаб-46, Ремедика-45, лабораторија болница Козле-15, ЈЗУ (рапид тест) -598, УК Пулмологија со алергологија –1, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 316.662 тестирања на Ковид -19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 620
• Гази Баба – 1485
• Аеродром -1437
• Карпош – 1177
• Центар – 1190
• Кисела Вода – 1229
• Ѓорче Петров – 844
• Бутел – 573
• Шуто Оризари – 201
• Студеничани – 51
• Сарај – 158
• Арачиново -32
• Илинден – 242
• Сопиште – 66
• Чучер Сандево – 98
• Петровец –126
• Зелениково -73
• Странец – 175
• Нераспределен- 208
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) По претставката на родителите на загинатите деца во Кочани, Апасиев закажа анкетна комисија на 9 декември
Пратеникот и претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на човековите слободи и права, Димитар Апасиев, на денешната прес-конференција соопшти дека закажува редовна седница по поднесената претставка од здружението „16 Март“ – здружението на родителите на загинатите деца од Кочани. Седницата ќе се одржи на 9 декември 2025 година со цел да не се преклопи со судските рочишта и поради симболичната поврзаност со 10 Декември – Светскиот ден на човековите слободи и права.
На седницата се поканети сите членови и заменици на Комисијата, претседателот и потпретседателите на Собранието, координаторите на пратеничките групи, премиерот, министерот за внатрешни работи, претседателот на државата, како и подносителите на претставката, кои ќе имаат право на обраќање.
Апасиев нагласи дека ова не е ниту надзорна ниту јавна расправа, туку редовна седница, што Комисијата ја одржува кога постапува по претставки на граѓани – пракса што и претходно постоела во парламентот. Тој потсети дека постоеле три неуспешни обиди оваа точка да се стави на дневен ред поради што е поведена и управна постапка против претседателот на Собранието.
Во однос на паралелните иницијативи за анкетни комисии од власта и опозицијата, Апасиев објасни дека тие се ад хок тела со ограничен рок и квазиистражни функции, а Постојаната комисија има континуитет и редовни обврски.
Во делот на новинарските прашања, тој истакна дека клучната цел е, конечно, родителите да добијат институционална можност да се обратат во Собранието – нешто што со месеци им било блокирано.
Очекувањата од седницата се да се отвори плодна дискусија и да се понудат заклучоци со конкретни законски измени, кои ќе адресираат системски пропусти и ќе лоцираат политичка одговорност.
Се додава дека правната постапка продолжува во судот и парламентот во неа не може да се меша, но има обврска да ги утврди политичката страна на одговорноста и институционалните пропусти што доведоа до трагедијата во Кочани.
Македонија
Жители од Даљан бараат Општина Охрид итно да го отстрани паднатото дрво што смачкало автомобил
Жителите на охридската населба Даљан упатија апел до медиумите и до Општина Охрид, барајќи итно да се отстрани масивен бор кој паднал врз паркирано возило на улицата Сатеска бр. 40 на 22 ноември 2025 година.
Според нивното известување, дрвото – високо околу десет метри – се откорнало од невремето и паднало во пешачката зона пред зградата со три влеза. Жителите посочуваат дека немало пешаци во моментот на падот, поради што е избегната евентуална трагедија.
![]()
Укажуваат дека веднаш била повикана противпожарната служба, но дека службата се прогласила за ненадлежна и ја напуштила локацијата. Подоцна дошле претставници од Општина Охрид и од ЈП „Комуналец“, но, според жителите, заминале без да преземат мерки и без да најават кога ќе го отстранат дрвото.
Жителите потсетуваат дека на истата локација пред неколку години паднало друго дрво, по што општинските служби ги обележале и останатите борови како опасни и за отстранување, но тоа не било реализирано.
![]()
Тие нагласуваат дека паднатиот бор се наоѓа на земјиште во сопственост на Република Македонија и дека Општина Охрид има обврска да постапи. Жителите реагираат дека, иако при сличен случај во центарот на Охрид биле брзо мобилизирани екипи, во Даљан немало интервенција.
„Не сме граѓани од втор ред. И ние плаќаме данок и очекуваме Општината да постапи исто како во сите населби“, наведуваат жителите во апелот.
Македонија
(Видео) Тренчевска: Со ВМРО-ДПМНЕ дупката во ПИОМ достигна 1 милијарда евра, одржливоста на пензиите е загрозена
Пратеничката од Социјалдемократаскиот сојуз на Македонија, Јованка Тренчевска, на денешните пратенички прашања упати прашање до заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, за состојбата со Фондот за ПИОМ и динамиката на исплата на пензиите.
Тренчевска во своето обраќање посочи дека дупката во Фондот за ПИОМ е над 1 милјарда евра, односно толку пари државата ќе префрла за да можат да се сервисираат секој месец пензиите.
„Сервисирањето на социјалните обврски кон граѓаните треба да е приоритет на секоја Влада. За сите исплати да течат согласно законските рокови, клучно е парите да бидат обезбедени во буџетот на Министерството.
Tоа на што сме сведоци е дека состојбата со буџетот на министерството во делот на пензиите е алармантна.
Но, не е само со пензиите, и со правата и надоместоците за социјална заштита исто така, и со социјалните услуги и со заштитните друштва, едноставно со сè нема доволно пари на ставките за овие права“, нагласи таа.
Додаде дека пари за исплата на декемвриската пензија нема ниту во буџетот на Министерството за социјална политика, ниту во Фондот за пензиско.
„За сето ова бројките се сведок и тие постојат во документите. Ова значи дека вие немате пари за да трансферирате до Фондот за да се исплати декемврската пензија.
За каква социјална сигурност на пензионерите зборувате?
Или важно ви беше само да ги искористите и излажете граѓаните за изборите“.
Јавна тајна е, кажа Тренчевска, зошто меѓу другото се задолживте со унгарскиот кредит.
„Не за да реализирате капитални инвестиции, туку за да го покриете дефицитот во Фондот, кој за само година и пол на власт го продлабочивте за над 50%. Знаете ли дека со ваков дефицит ги ставате во ризик исплатите не само на сегашните пензионери, туку и на сите идни пензионери?
И да не спинувате дека СДСМ е против зголемување на пензиите – ние сме ЗА зголемување, за да растат пензиите, но мора и да се чува стабилноста на фондот“.

