Македонија
Регистрирани 103 нови случаи на коронавирус, најмногу во Куманово и Гостивар
Во последните 24 часа се направени 912 тестирања, а регистрирани се 103 нови случаи на Ковид-19. Од нив, најмногу се од Куманово – 26 по што следува Гостивар со 15 случаи. Дури трет град е Скопје со 13 случаи, каде што со месеци има најголем број новозаразени на дневна основа.
Во Штип регистрирани се 5 новозаразени, Прилеп – 7, Тетово – 3, Охрид – 2, Кавадарци – 6, Гевгелија – 2, Струмица – 1, Крива Паланка – 2, Демир Хисар – 7, Берово – 1, Виница – 5, Делчево – 2, Свети Николе – 3, Кичево – 2, Неготино – 1.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 187 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 60, Штип – 17, Прилеп – 4, Тетово – 12, Струга – 19, Битола – 2, Охрид – 16, Кавадарци – 13, Гостивар – 11, Крива Паланка – 2, Крушево – 1, Кочани – 5, Демир Хисар – 2, Македонски Брод – 3, Берово – 3, Виница – 10, Кратово – 1, Свети Николе – 2, Кичево – 2 и Ресен – 2.
Починати се 3 пациенти: од Скопје (69), Велес (35) и од Македонски Брод (77). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12.840, бројката на оздравени пациенти е 9.361, на починати е 547, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.932. Денес се евидентираат два контролни теста. Според завршените епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 5.418, активни 953
• Куманово 1.289, активни 298
• Дебар 226, активни 67
• Штип 1.048, активни 260
• Прилеп 365, активни 40
• Тетово 1.141, активни 151
• Струга 521, активни 167
• Велес 243, активни 27
• Битола 184, активни 74
• Охрид 309, активни 66
• Кавадарци 158, активни 103
• Гостивар 660, активни 289
• Гевгелија 31, активни 13 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 6 на Богданци)
• Струмица 52, активни 23
• Крива Паланка 30, активни 5
• Радовиш 38, активни 10
• Крушево 16, активен 1
• Кочани 128, активни 29
• Пробиштип 69, активни 17
• Демир Хисар 60, активни 37
• Македонски Брод 65, активни 45
• Пехчево 8, активни 2
• Берово 15, активни 6
• Валандово 7, активен 1
• Виница 51, активни 36
• Делчево 10, активни 5 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 15, активен 1
• Свети Николе 261, активни 61
• Кичево 240, активни 126
• Ресен 146, активни 7
• Неготино 36, активни 12 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 912 теста се преку: ИЈЗ – 514, ЦЈЗ Скопје – 12, „Авицена“ – 0, „Биотек“ – 33, МАНУ – 0, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 148, „Систина“ со PCR-метода – 135, Судска медицина – 0, ЦЈЗ Битола – 51, Инфективна клиника – 11, ГАК – 7, лаборатории од странство – 1. Досега во земјата се направени вкупно 127.196 тестирања на Ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 82 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 18 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, 7 деца позитивни на вирусот и еден пациент суспектен на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 83 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.
Во болницата во Битола хоспитализирани се 18 пациенти, а во болницата во Штип – 41. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и во Струга хоспитализирани се 122 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 134
• Аеродром – 123
• Бутел – 66
• Гази Баба – 124
• Центар – 87
• Карпош – 98
• Сарај – 33
• Кисела Вода – 70
• Ѓорче Петров – 65
• Студеничани – 30
• Шуто Оризари – 58
• Арачиново – 17
• Илинден – 12
• Петровец – 7
• Чучер Сандево – 10
• Сопиште – 10
• Зелениково – 4
• Странец – 3
• Нераспределен – 2
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Штетите од поплавите сѐ уште се санираат, ЦУК објави најнови информации
Центарот за управување со кризи објави најнови податоци за состојбата по обилните врнежи од дожд.
Пелагониски регион
Битола
Во населбата Стрчин интервенира ЈКП „Нискоградба“ со една машина за расчистување на улиците од чакал и земја.
Во селото Жабени, ЈП „Водостопанство“ интервенира со механизација на коритото на Жабјанска река.
Во подрачјето на Елешка река се евидентирани поплавени земјоделски површини, а нивото на водата е во опаѓање.
Ресен
Ангажирани се служби на Општина Ресен, ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта и ЈКП „Пролетер“ – Ресен, кои вршат обиколка и санација на поплавените подрачја. Состојбата е стабилизирана.
Крушево
ЈП Комуналец, ТППЕ Крушево, општинските служби и надлежните институции интервенираат на зајакнување на насипите кај критичните точки и го следат водостојот на Црна Река.
Демир Хисар
Надлежните општински служби го затворија локалниот пат кон село Мренога поради оштетен мост.
Долнени
Градежна механизација интервенира во селата Лажани и Пешталево на расчистување на одводните канали.
Југозападен регион
Охрид
ТППЕ Охрид и комуналните служби вршат испумпување на водата од поплавените подруми.
Општинските служби, Црвен крст, Итна медицинска помош и полицијата се ангажирани во згрижување и обезбедување на евакуираните лица во спортската сала „Христо Узунов“.
Скопски регион
Скопје – Зелениково
Општинските служби ја следат состојбата на реката Вардар и критичните точки.
Полошки регион
Тетово / Желино
СВР Тетово го забрани сообраќајот на патот кон месноста Бањиче.
Во село Стримница (Општина Желино) е испратена механизација за интервенција по излевањето на реката Вардар.
Источен регион
Кочани
ЈП „Водостопанство – Брегалница“ интервенира со багер-гасеничар на Оризарска река кај село Грдовци.
Кратово
Општинските и комуналните служби ја следат состојбата на реките, без потреба од интервенции.
Југоисточен регион
Струмица
Нема интервенции – состојбата е стабилна.
Североисточен регион
Куманово и регион
ЈП „Комуналец“ интервенира во селата Трново, Огут, Нерав и Калин Камен со чистење на снег и посипување на патиштата.
Во селото Тлминци е извршена интервенција на цевковод по барање на жител.
Македонија
СДСМ: ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски?
ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски? Сателит-партијата на ВМРО експресно се јавува да го брани шефот Мицкоски, реагираат од СДСМ, на соопштението на Движењето ЗНАМ.
„По предавството на Македонија со потпишување и изгласување на Резолуцијата што личеше на Хитлеров Декрет, сега имаат уште една задача, да ја укинат последната линија на одбрана на демократијата, техничката влада. Само за уште неколку тендери. Малку им се тендерите во Пошта вредни 1,2 милиони евра за нивниот советник од Кисела Вода. Им треба уште. Затоа партнерот на тендерската коалиција, ЗНАМ, најавува историски трансфер – во тендер-лигата. Квислингот Деспотовски ли им се приклучува на останатите предавници? Очигледно, и нему треба да му се намести некој тендер, да му се плати координираното делување со Геро. Идеално е сите да се соберат на едно место, за Обвинителството подоцна да нема потреба да ги брка поединечно. Како што рековме – време е житото да се одвои од плевелот. Но не само во СДСМ, туку на целата политичка сцена во Македонија. На крај, сите ќе одговарате“, пишува во реакцијата.
Македонија
(Фото) Пронајдена ретка неексплодирана граната од Првата светска војна во Богданци
Денеска е пријавено од СВР Гевгелија дека во Општина Богданци, в0 индустрискиот дел на Општината е пронајдено неексплодирано убојно средство (НУС).
Од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) стручно лице, пиротехничарот Зоран Пеев, веднаш излегол на лице место и утврдил дека се работи за ретка минофрлачка граната од 70 mm што е НУС од Првата светска војна.
По безбедносните проверки на состојбата на неексплодираната граната, согласно пиротехничарските, деминерски, стандардни оперативни процедури, гранатата е безбедно подигната од местото каде е пронајдена и се транспортира за понатамошна постапка за нејзино уништување.

