Македонија
Регистрирани 108 новозаразени, починаа две лица

Во последните 24 часа се направени 1.902 тестирања, а регистрирани се 108 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 45, Куманово – 18, Дебар – 1, Штип – 11, Прилеп – 3, Тетово – 2, Струга – 4, Велес – 4, Гостивар – 9, Струмица – 2, Виница – 2, Делчево – 4, Свети Николе – 3.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 112 оздравени пациенти од: Скопје – 32, Дебар – 1, Штип – 20, Прилеп – 4, Тетово – 4, Велес – 3, Битола – 5, Гостивар – 11, Кочани – 2, Демир Хисар – 1, Македонски Брод – 8, Свети Николе – 9, Кичево – 12.
Починати се двајца пациенти од Куманово (64 г. и 72 г/), во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13.076, бројката на оздравени пациенти е 9.625, на починати е 551, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.900. Денеска се евидентираат два контролни теста од вчера, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 5502, активни 917
• Куманово 1312, активни 301
• Дебар 227, активни 67
• Штип 1072, активни 249
• Прилеп 373, активни 42
• Тетово 1155, активни 155
• Струга 529, активни 175
• Велес 247, активни 28
• Битола 187, активни 68
• Охрид 315, активни 72
• Кавадарци 161, активни 106
• Гостивар 687, активни 296
• Гевгелија 31, активни 13 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 7 на Богданци)
• Струмица 54, активни 25
• Крива Паланка 30, активни 5
• Радовиш 38, активни 10
• Крушево 16, активни 1
• Кочани 128, активни 27
• Пробиштип 71, активни 19
• Демир Хисар 60, активни 36
• Македонски Брод 65, активни 36
• Пехчево 8, активни 2
• Берово 17, активни 8
• Валандово 7, активни 1
• Виница 58, активни 43
• Делчево 18, активни 13 (5 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 15, активни 1
• Свети Николе 264, активни 55
• Кичево 247, активни 116
• Ресен 146, активни 1
• Неготино 36, активни 12 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1902 теста се преку: ИЈЗ-545, ЦЈЗ Скопје – 24, Авицена – 242, Биотек-370, МАНУ – 94, Жан Митрев (Филип Втори)-335, Систина со PCR метода – 184, Судска медицина – 7, ЦЈЗ Битола – 72, Инфективна клиника – 16, ГАК-13, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 130.840 тестирања на Ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 76 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, 6 деца позитивни и 2 мајки и 2 деца суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 73 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 20, а во болницата во Штип се хоспитализирани 42 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 113 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 126
• Аеродром – 116
• Гази Баба – 116
• Карпош – 92
• Центар – 86
• Кисела Вода – 81
• Бутел – 68
• Ѓорче Петров – 64
• Шуто Оризари – 45
• Студеничани – 30
• Сарај – 28
• Арачиново – 17
• Илинден – 12
• Сопиште – 10
• Чучер Сандево – 7
• Петровец – 7
• Зелениково – 5
• Странец – 3
• Нераспределен – 4
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почина Панчо Минов, поранешен пратеник и градоначалник на Кавадарци

На 67-годишна возраст денеска почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци и поранешен пратеник во Собранието.
Панчо Минов беше дипломиран правник и политичка фигура со повеќедецениско искуство. Тој два пати беше избран за градоначалник на Општина Кавадарци – прво како кандидат на Либералната партија (2000–2005), а потоа како независен кандидат (2005–2009).
Минов имаше и пратеничка кариера, учествувајќи во повеќе состави на Собранието.
Првпат беше избран во првиот повеќепартиски состав (1990–1998), а подоцна повторно стана пратеник преку ГРОМ (2016–2020) и СДСМ (2020–2024).
Македонија
Уште колку луѓе треба да настрадаат за Панче Тошковски да почувствува одговорност, прашуваат од СДСМ

Министерот Панче Тошковски без око да му трепне јавно соопшти дека не чувствува никаква одговороност за колапсот на безбедносниот систем и фактот што на улиците се пука како да сме Див Запад, велат од СДСМ.
Според нив, последиците од партизацијата на полицијата и претоварењето во партиски сервис на ДПМНЕ скапо ги чини граѓаните.
„До кога мисли Тошковски да се криe зад политички реторики додека улиците стануваат небезбедни за граѓаните?
Не е само последното пукање во Куманово, непрекинатиот раст на вооружените и насилни инциденти во различни градови е сигнал за целосно системско потфрлање на безбедниот апарат, нема ниту превенција ниту соодветна реакција.
За тоа мора да има одговорност“, додаваат од оваа партија.
Македонија
Парични казни за три градинки и едно училиште по спроведени инспекциски контроли во кујните

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во септември годинава спроведоа инспекциски контроли во училишните и кујните во градинките на територијата на цела држава. Спроведени беа 91 контрола во градинки и 23 вонредни надзори во училишта.
За утврдените недоследности, издадени се 9 решенија со наредби за нивно отстранување. Во две градинки, хигиената не била задоволителна во кујните, а една градинка немала спроведено задолжителен здравствен преглед на вработениот персонал во кујните. Парични казни изречени се за 3 градинки, и поради несоодветно чување, уништени се 24 килограми храна.
Од спроведените контроли во училиштата, незадоволителни услови констатирани се само во една училишна кујна. Отстапки во однос на добрата производствена и добра хигиенска пракса утврдени се во две кујни. Поради погрешно декларирање, уништени се 59 килограми храна.
Инспекциските служби на АХВ за утврдените недоследности со контролите во училишните кујни изрекле 1 парична казна и донеле 5 решенија со наредба за нивно отстранување.