Македонија
Регистрирани 139 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Охрид
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.627 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на Kовид-19, oд кои во Скопје – 30, Куманово – 20, Дебар – 2, Штип – 15, Прилеп – 1, Тетово – 6, Струга – 8, Битола – 2, Охрид – 3, Кавадарци – 8, Гостивар – 19, Гевгелија – 1, Струмица – 2, Кочани – 5, Демир Хисар – 2, Македонски Брод – 3, Берово – 1, Делчево – 1, Свети Николе – 6 и четворица во Кичево.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 239 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 132, Куманово – 22, Дебар – 8, Штип – 14, Прилеп – 4, Тетово – 6, Велес – 1, Битола – 7, Кавадарци – 3, Гостивар – 2, Кочани – 3, Демир Хисар – 4, Делчево – 3, Свети Николе – 23, Кичево – 6 и еден од Неготино.
Во изминатите 24 часа во болнички услови починал 66-годишен пациент од Охрид.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12.217, бројката на оздравени пациенти е 8.487, на починати е 530, а во моментот бројот на активни случаи изнесува 3.200. Денес се евидентираат пет контролни теста. Во согласност со новите бројки статистиката на активни случаи по градови е следна:
• Скопје 5.239, активни 1.057
• Куманово 1.193, активни 264
• Дебар 221, активни 122
• Штип 1.002, активни 342
• Прилеп 347, активни 35
• Тетово 1.103, активни 173
• Струга 493, активни 159
• Велес 238, активни 25
• Битола 171, активни 71
• Охрид 304, активни 77
• Кавадарци 134, активни 102
• Гостивар 606, активни 304
• Гевгелија 26, активни 15 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
• Струмица 43, активни 27
• Крива Паланка 28, активни 14
• Радовиш 36, активни 11
• Крушево 16, активни 3
• Кочани 120, активни 28
• Пробиштип 64, активни 18
• Демир Хисар 49, активни 31
• Македонски Брод 57, активни 44
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 10, активни 6
• Валандово 7, активен 1
• Виница 35, активни 31
• Делчево 6, активен 1 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 15, активни 3
• Свети Николе 250, активни 86
• Кичево 220, активни 128
• Ресен 146, активни 11
• Неготино 32, активни 11 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Досега во земјата се направени вкупно 119.102 тестирања на Ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминатите 24 часа примени се 9 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 76, од кои на кислородна поддршка се 27 пациенти.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 15 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и 4 деца позитивни на вирусот, а 6 пациенти се суспектни.
Во болницата „8 Септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани се 73 пациенти, од кои на респираторна машина се шестмина.
Во болницата во Битола хоспитализирани се 36, а во болницата во Штип – 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и во Струга хоспитализирани се 137 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Отворен почесен конзулат на Австрија во Битола
Денеска во Битола беше отворен конзулатот на Австрија, а функцијата почесен конзул ќе ја врши битолчанецот Игор Божиновски. Конзулатот на Австрија се наоѓа на улицата „Виенска“.
На свеченоста која се одржа се обрати австрискиот амбасадор Мартин Памер, македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, конзулот Игор Божиновски и градоначалникот на Битола Тони Коњановски.
Градоначалникот Коњановски пред присутните ја истакна важноста на отворањето на уште еден конзулат во Битола, а со тоа и интензивирање на соработката со Австрија.
„Битола од денеска е побогата за уште еден конзулат, сега од пријателската држава Австрија, со што го враќаме епитетот Битола конзулски град“, истакна Коњановски пред присутните гости, дипломатскиот кор, пратеници и други гости.
Со ова Битола има седум почесни и два генерални конзулати.
Македонија
Николоски и Мисајловски во посета на Република Унгарија
Владина делегација предводена од вицепремиерот и министер за транспорт и министерот за одбрана, Александар Николоски и Владо Мисајловски, денеска се во работна посета на Унгарија.
За време на посетата министрите Мисајловски и Николоски остварија средби со главниот советник за национална безбедност, Марцел Биро и со Мате Лога, државен советник во Министерството за национална економија, за економски развој и национални финансиски сервиси.
Денешната работна посета е во насока на зајакнување на меѓусебната севкупна соработка меѓу двете земји особено на полето на одбрана и безбедноста и на економските врски.
Во рамки на денешната посета, како дел од македонската делегација, началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски оствари средба со својот унгарски колега генерал Габор Боронди, а државниот секретар во министерството за одбрана Елизабета Чуповска Ристова оствари средба со заменик-министерот за одбрана, Тамаш Варга.
Македонија
Населбата Бел Камен добива нова водоводна мрежа
Населбата Бел Камен добива нова водоводна мрежа, со што се решава долгогодишниот проблем со водоснабдувањето, изјави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„По даденото ветување за време на изборниот период, денес започнуваат градежните активности за поставување на нова водоводна мрежа во должина од повеќе од 600 метри, во соработка со Општина Бутел и ЈП „Водовод и канализација“, со што ќе се обезбеди сигурно, квалитетно и континуирано снабдување со вода за пиење за домаќинствата во Бел Камен“, вели Ѓорѓиевски.
Според него, овој зафат значи сигурно, квалитетно и континуирано водоснабдување за домаќинствата во Бел Камен, чиста вода за пиење во секој дом.
Ѓорѓиевски најави дека по поставувањето на новата водоводна мрежа, ќе следува и реконструкција на улиците.

