Македонија
Регистрирани 16 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа уште 3 лица
Денеска, потврдени се 16 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 2.014 лица. Оздравени се 14 пациенти, а во изминатите 24 часа починаа 3 лица, информираат од Министерството за здравство.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка од Велес (78), хоспитализирана на 14 мај.
Во ГОБ „8 Септември“ почина пациент од Тетово (84), примен во болница на 20 мај, и пациентка од Скопје (76), примена на 19 мај.
Во последните 24 часа направени се 314 тестирања, а регистриран е 16 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 9, Штип – 5, Струга – 1 и Гостивар – 1.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.014, бројката на оздравени пациенти е 1.453, на починати е 116, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 445. Последната дистрибуција по градови е:
• Скопје – 733, активни 208
• Куманово – 436, активни 35
• Дебар – 51, активни 0
• Штип – 46, активни 11
• Прилеп – 210, активни 46
• Тетово – 177, активни 70
• Струга – 76, активни 9
• Велес – 127, активни 40
• Битола – 28, активни 7
• Охрид -23, активни 8
• Кавадарци – 5, активни 0
• Гостивар – 22, активни 4
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 3, активен 1
• Крива Паланка – 6, активни 0
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 31, активни 0
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 2, активни 0
• Неготино – 10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево – 3, активни 0
• Делчево – 1, активни 0
• Валандово – 1, активни 0
• Виница – 3, активен 1
• Кратово – 2, активен 1
• Берово – 1, активни 0
• Свети Николе – 1, активен 1
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 14 оздравени пациенти во: Скопје – 3 и Тетово – 11.
Направените 314 теста се преку: ИЈЗ – 292, Ветеринарниот факултет – 0, „Авицена“ – 0, „Биотек“ – 0, „Филип Втори“ („Жан Митрев“) – 9, „Систина“ со PCR-метода – 13 и МАНУ – 0. Досега во земјата се направени вкупно 25.841 тестирање на Ковид -19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 169 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и во Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на Ковид-19.
Кај лицето што на 24 мај преку скринингот во геронтолошка установа во Скопје е запишано со позитивен резултат, направен е технички превид при евиденцијата и во согласност со испрвката направена е корекција на вкупната статистика. Вработената во геронтолошкиот завод во Скопје е негативна на вирусот и досега, освен два позитивни резултата во градинка во Битола и Скопје, не се регистрирани други позитивни случаи преку скринингот.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 3 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 56 пациенти. На кислородна поддршка се 25, на механичка вентилација се 3 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, а вкупно хоспитализирани 22 пациенти. На респиратор се 7, a со потешка клиничка слика се уште 5 пациенти.
Во болницата во Битола хоспитализирани се 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 4 пациенти. Во болницата во Штип хоспитализирани се 5 пациенти, на домашно лекување се следи 1 пациент. На ифективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп и во Охрид хоспитализирани се 41 пациент позитивни и сомнителни на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)
Македонија
СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори
Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.
Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.
„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.
Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.
Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.
Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.
Македонија
Николоски: Филипче се однесува како бомбаш самоубиец во обид да го заштити столчето во СДСМ
Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање во Прилеп, каде што присуствуваше на отчет 100 дена од новото раководство на локалната самоуправа во Прилеп, истакна дека Филипче води црна и гнасна кампања против него и Македонија, со што сака да ја уништи и СДСМ и стратешките пријатели.
„Не сум изненаден, гледаме еден нихилизам, една црна кампања, гнасна кампања која доаѓа од СДС, јас сум свесен дека и Венко Филипче е свесен дека му се ниша позицијата во СДС, ја има практично киднапирано партијата за цели што само тој ги разбира и буквално се однесува како бомбаш самоубиец, сакајќи да се заштити себе и сопствената позиција во партијата и уништува се околу себе“ појасни Николоски.
Вицепремиерот истакна дека лагите и обвинувањата од страна на Филипче се гол популизам, затоа што во исто време создава токсична атмосфера во општеството којашто не е добра за Македонија.
„Најголем проблем е што овој начин на комуникација создава една токсична атмосфера во општеството, создава една атмосфера којашто не е добра и нешто што нејќе Македонија да го види. Во исто време не кара и со стратешките пријатели, знаете дека цела кампања водеше против Велика Британија со којашто потпишавме стратешки договор и со којашто имаме стратешко партнерство“, нагласи Николоски.
Во однос на обвинувањата од Филипче во делот за превозниците, Николоски е дециден дека овој наследен проблем се решава со дијалог со ЕУ.
„Пред неколку недели превозниците од Македонија и целиот регион со право ги блокираа граничните премини коишто одат кон Шенген зоната со барање да ЕК започне дијалог за решавање на проблемот за престој за професионалните возачи во рамките на Шенген зоната. Нивното основно барање беше да се започне дијалог. Планот нивни беше да блокада трае 7 дена, да на четвртиот ден излезе претседателката на ЕК и каже дека таков дијалог ќе се случи и презентираше документ којшто се вика Нова визна стратегија на ЕУ со којшто документ возачите се признати како професионалци, тоа беше едно од основните барања и во рамки на овој дијалог којшто се води во моментот треба да се донесат конечните решенија. Никој никаде а камо ли во систем како ЕУ; дека за две недели сите работи ќе бидат решени, туку тоа што јас го кажав дека ќе започне овој дијалог и дека новата визна стратегија е начинот и патеката по којшто ќе се оди“, истакна Николоски.

