Македонија
Регистрирани 17 нови случаи на коронавирус, едно лице почина
Во последните 24 часа се направени 2.896 тестирања, а регистрирани се 17 нови случаи на Ковид-19:
Тетово – 9, Скопје – 6, и Прилеп и Гостивар – по 1.
Регистрирани сe 7 оздравени пациенти од: Куманово и Тетово – по 3 и Скопје – 1.
Регистрирано е едно починато лице од Скопје (70 години) во болнички услови.
Направени се 2.896 теста преку: ИЈЗ – 117, ЦЈЗ Скопје – 48, ЦЈЗ Битола – 31, ЦЈЗ Прилеп – 20, ЦЈЗ Тетово – 23, ЦЈЗ Куманово – 12, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 0, лабораторија во болницата во Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ „8 Септември“ – 9, Институт за микробиологија – 19, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 73, „Авицена“ – 161, „Биотек“ – 171, „Систина“ – 76, лабораторија „Лаор“ – 267, „Синлаб“ – 33, „Ремедика“ – 7, „Плодност“ – 24, „Генеа“ – 3, „Никоб лаб“ – 423, „ВФВ Медикал“ – 0, „Ели Медика“ – 3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.376.
Досега во земјата се направени вкупно 941.178 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.981, бројката на оздравени пациенти е 150.251, на починати е 5.489, а бројот на активни случаи изнесува 241.
Според епидемиолошките анализи, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 68.782, Активни 94
Куманово 8.895, Активни 14
Прилеп 8.329, Активни 2
Тетово 7.353, Активни 80
Битола 6.310, Активни 2
Велес 5.474, Активни 0
Гостивар 5.200, Активни 17
Кавадарци 5.156, Активни 1
Охрид 5.023, Активни 4
Штип 4.963, Активни 3
Струмица 4.126, Активни 3
Струга 2.985, Активни 4
Кочани 2.794, Активни 2
Кичево 2.604, Активни 7
Гевгелија 2.196, Активни 1
Неготино 2.184, Активни 0
Свети Николе 1.525, Активни 1
Ресен 1.234, Активни 0
Крива Паланка 1.227, Активни 0
Радовиш 1.161, Активни 0
Берово 1.032, Активни 1
Делчево 973, Активни 0
Дебар 947, Активни 5
Виница 886, Активни 0
Пробиштип 789, Активни 0
Валандово 667, Активни 0
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 0
Демир Хисар 400, Активни 0
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 377, Активни 0
Македонски Брод 359, Активни 0
Пехчево 269, Активни 0
Македонска Каменица 249, Активни 0
Дојран 132, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Мицкоски побегна од Резолуцијата, дури во Брисел
Денес, кога Собранието треба да одлучува и кога опозицијата требаше да му поставува прашања на премиерот Христијан Мицкоски, тој наеднаш избега во Брисел, обвинија од СДСМ.
„Ја остави Резолуцијата на СДСМ непотпишана а контра Резолуцијата остави да ја туркаат неговите послушници од ДПМНЕ и ЗНАМ. Оние што верно го следат предавството на својот претседател и оние што ЗНААТ дека ја предале Македонија за пари. Толку за „храбриот“ Христијан Мицкоски. Не смее да одговара на прашањата на опозицијата, затоа што вистината не може да ја погледне во очи“, велат од опозицијата.
Македонија
Стојаноски: Лагите на СДС се разоткриени, резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја гарантира безбедноста во државата
Во изминатиот период бевме сведоци на тоа како СДС сака да внесе несигурност и вознемиреност во јавноста преку ширење на лажни информации, свесни манипулации и дезинформации, кои беа интензивно и гласно пласирани во јавниот простор, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС и Венко Филипче, продолжуваат по стапките на нивниот ментор Зоран Заев. Секојдневно, гледаме иста реторика, исти методи и исти манипулативни наративи. Ова СДС не го прави случајно, туку е свесна стратегија, поради тоа што нема што ново да понуди. Ваквата кампања на опозициската СДС, која инаку повеќе се одликува со квантитет директно го нарушува мирот на граѓаните, а е и во спротивност со Кривичниот законик, Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, како и со Законот за спречување и заштита од дискриминација“, рече тој.
Токму затоа, додава Стојаноски, преку Резолуцијата поднесена од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Собранието, јасно се отфрлуваат и се поништуваат сите аранжмани, одлуки и политики на поранешната влада предводена од Зоран Заев поврзани со кампови за мигранти.
„Јасно ја потврдуваме определбата за принципиелна, одговорна и предвидлива надворешна политика, заснована на заштита на националните интереси и почитување на меѓународното право. Со оваа Резолуција се става крај на сите шпекулации, дезинформации и лажни сценарија кои СДС се обиде да ги наметне во јавниот дискурс, а се поврзани со наводно прифаќање мигранти или изградба на кампови. За секое следно ширење на паника, лажни вести и манипулација на народот, кривично ќе се одговара“, рече тој.
Македонија
Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка
Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата.
Тој предмалку ја соопшти одлуката на прес-конференција во Обвинителството. Коцевскирече дека си заминува од функцијата гордо и со крената глава.
„Функцијата што ја вршев нешто помалку од две години ја извршував чесно и достоинствено, заминувам со гордо крената глава, но и со разочараност поради непочитување на принципите врз кои почива правната држава. Доказ за тоа е дека дури денес во 10 часот, на само еден час пред закажаниот почеток, ми беше доставена покана од Собранието да присуствувам на седницата за која ќе се раправа за мое разрешување. Предлогот за мое разрешување не ми е доставен и немам на што да се произнесам“, рече Коцевски.
Тој вели дека е јасно оти предлогот за негово разрешување не е заснован ниту на закон ниту на факти, туку претставува преседан со далекосежни последици врз независноста на Јавното обвинителство.

