Македонија
Регистрирани 177 новозаразени од 778 тестирани, починаа 5 лица
Во последните 24 часа се направени 778 тестирања, а регистрирани се 177 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-96, Куманово-5, Штип-7, Прилеп-1, Тетово-19, Велес-2, Битола-1, Кавадарци-1, Гостивар-6, Гевгелија-1, Струмица-8, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Кочани-10, Берово-6, Виница-5, Делчево-4, Неготино-1.
Оздравени се 107 пациенти од: Скопје-44, Куманово-2, Штип-3, Прилеп-7, Тетово-6, Струга-2, Битола-2, Охрид-1, Кавадарци-2, Гостивар-1, Гевгелија-1, Струмица-5, Радовиш-1, Крушево -1, Кочани-8, Пробиштип-1, Берово-4, Валандово-2, Делчево-1, Свети Николе-9, Кичево-1, Ресен-2, Неготино-1.
Во болнички услови починати се 5 лица, пациент од Тетово (67г), Струмица (87г), Крива Паланка (68г) и двајца пациенти од Кочани (70 и 73г).
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 21113, бројката на оздравени пациенти е 16301, на починати е 797, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4015. Денес се евидентира еден контролен тест. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 8571, активни 1792
• Куманово 1885, активни 176
• Дебар 294, активни 36
• Штип 1368, активни 123
• Прилеп 814, активни 170
• Тетово 1604, активни 222
• Струга 720, активни 61
• Велес 381, активни 59
• Битола 389, активни 104
• Охрид 463, активни 47
• Кавадарци 279, активни 59
• Гостивар 984, активни 80
• Гевгелија 202, активни 95 (12 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 30 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 437, активни 267
• Крива Паланка 154, активни 49
• Радовиш 141, активни 58
• Крушево 20, активни 0
• Кочани 504, активни 218
• Пробиштип 129, активни 21
• Демир Хисар 62, активни 2
• Македонски Брод 96, активни 3
• Пехчево 48, активни 5
• Берово 153, активни 56
• Валандово 65, активни 43
• Виница 136, активни 46
• Делчево 191, активни 99 (36 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 27, активни 3
• Свети Николе 401, активни 59
• Кичево 357, активни 34
• Ресен 170, активни 9
• Неготино 68, активни 19 (13 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 778 теста се преку: ИЈЗ-286, ЦЈЗ Скопје-48, Авицена-100, Биотек-0, МАНУ -0 Жан Митрев (Филип Втори) -105 , Систина со PCR метода -133, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-2, ГАК-12, Синлаб-92, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 208.669 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 5 деца и 6 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5, а вкупно хоспитализирани се 45 пациент. На респиратор се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 29, а во болницата во Штип се 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 191, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 92
• Гази Баба – 171
• Аеродром – 327
• Карпош – 319
• Центар – 330
• Кисела Вода – 210
• Ѓорче Петров – 155
• Бутел – 68
• Шуто Оризари – 15
• Студеничани – 3
• Сарај – 15
• Арачиново – 4
• Илинден – 30
• Сопиште – 10
• Чучер Сандево – 4
• Петровец – 7
• Зелениково – 3
• Странец – 14
• Нераспределен-15
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре сончево време со температура до 16 степени
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h), информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури.
Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од корисниците на Гази Баба утре без вода
Дел од корисниците на Општина Гази Баба утре ќе останат без вода.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 25.02.2026 година ( среда ) имаат планирано неколку интервенции и тоа поради промена на вентил од 2.5“ на ул.Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности“, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи Скопје.
Македонија
Домашниот притвор за Груби е невиден преседан, вели Максим Димитриевски
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски изјави дека одлуката лицe кое подолг период било во бегство да заврши во домашен притвор претставува невиден преседан и, како што рече, ја потврдува нефункционалноста на системот.
„Недозволиво е лице коешто подолг временски период е во бегство, се враќа во државата и му се изрекува мерка притвор и истото од распитот завршува дома“, изјави Димитриевски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот Груби.
Тој оцени дека сериозна држава не смее да си дозволи такви преседани и додаде дека институциите треба целосно да ги разгледаат постапките.
„Значи дека и Советот на јавни обвинители, но и Републичкиот судски совет ќе треба да ги разгледаат во целост овие постапки, и доколку постои евентуална субјективност или одговорност кај поединци, истите да ги санкционира“, рече тој.
Димитриевски нагласи дека е легалист и посочи дека кога бил обвинет, редовно се појавувал на сите судски рочишта.
„Го повикав господинот Груби да го следи тој пример. За жал беше отсутен од државата повеќе од четиринаесет месеци, се врати и заврши во домашен притвор, што е недозволиво за еден сериозен систем“, додаде градоначалникот.
Во изјавата тој се осврна и на европските интеграции, истакнувајќи дека ако сакаме во Европа и сакаме да напредуваме, ќе мора да ги делиме и европските вредности во делот на поделба на правдата во државата.
Во однос на споредбите меѓу поранешниот функционер Сашо Мијалков и Артан Груби, Димитриевски рече дека Мијалков го коментирал во минатото и нема намера повторно да го прави тоа, но посочи дека и двајцата биле ставени во иста група.
„Денеска го гледаме и господинот Мијалков како слободен граѓанин, но дополнително и господинот Груби којшто дојде да се соочи со правдата, но за жал мене како граѓанин ваквото однесување или ваквата постапка во делот на ставање во куќен притвор не ме задоволува“, изјави Димитриевски, додавајќи дека за исправноста на одлуката треба да се обратат прашањата до надлежните судски власти, бидејќи тие ја водат постапката.

