Македонија
Регистрирани 2.071 нов случај на Ковид-19 и 11 починати
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 6.010 тестови, а регистрирани се 2.071 нов случај на Ковид-19 во: Скопје – 1.047, Битола – 178, Кавадарци – 89, Куманово – 73, Тетово – 66, Гевгелија – 63, Прилеп – 47, Кочани – 42, Велес – 41, Гостивар – 39, Неготино – 37, Струмица – 33, Кичево и Ресен по 28, Охрид, Берово и Валандово по 25, Делчево – 24, Штип – 22, Струга и Радовиш по 21, Свети Николе – 14, Крушево и Демир Хисар по 11, Богданци – 10, Крива Паланка – 9, Македонска Каменица – 8, Дебар, Пробиштип, Кратово и Пехчево по 6, Виница и Македонски Брод по 3 и по двајца заразени во Демир Капија и Дојран.
Од вкупниот број на позитивни (2.071), регистрирани се 275 реинфекции.
Во текот на изминатoто деноноќие пријавени се и 9 смртни случаи: четворица починати од Скопје (66, 70, 85 и 91 година), двајца од Велес (54 и 89 години) и по едно починато лице од Гевгелија (59), Струга (86) и Делчево (61). Пријавените се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на починати со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се две починати лица од Скопје на возраст од 84 и 88 години. Едното починато лице е пријавено на 5. јануари додека второто лице на 20. месецов. Пријавените починале во домашни услови.
Од вкупниот број на починати лица (11), четири лица биле целосно вакцинирани.
Во текот на последните 24 часа регистрирани сe и 1.450 оздравени пациенти од: Скопје – 702, Битола- 158, Прилеп – 116, Куманово – 55, Кавадарци – 48, Охрид – 33, Штип – 30, Велес – 28, Струмица – 27, Радовиш – 26, Валандово – 24, Гевгелија – 23, Тетово – 21, Гостивар и Кичево по 19, Ресен – 16, Кочани, Неготино и Крушево по 14, Свети Николе – 12, Берово и Пробиштип по 8, Струга и Крива Паланка по 7, Богданци – 4, Пехчево и Демир Капија по 3, Демир Хисар, Кратово, Виница и Македонски Брод по 2 и по еден оздравен од Делчево, Дебар и Дојран.
Направените 6.010 тестови се преку: ИЈЗ-520, ЦЈЗ Скопје-118, ЦЈЗ Битола-67, ЦЈЗ Прилеп-47, ЦЈЗ Тетово–16, ЦЈЗ Куманово-76, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-5, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-23, Институт за микробиологија–79, Жан Митрев (Филип Втори)-180, Авицена-270, Биотек-325, Систина-108, лабораторија Лаор-122, Синлаб-61, Ремедика-16, Плодност-111, Генеа-37, Никоб Лаб-658, ВФВ Медикал-73, Ели Медика-68, Ројал Медика–32, Спектра-ММ-51, Рапид Лаб–49, Жан Митрев Струмица–28, Нова Лаб Дијагностика–9, Рамус-55, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.803.
Досега во земјата се направени вкупно 1.733.866 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 252.947, бројот на оздравени пациенти е 225.056, на починати е 8.177, а бројот на активни случаи изнесува 19.714.
Според епидемиолошките анализи во моментот, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 114231, Активни 10627
Куманово 14168, Активни 749
Прилеп 12273, Активни 930
Тетово 11920, Активни 397
Битола 11769, Активни 1619
Гостивар 8475, Активни 292
Кавадарци 8217, Активни 492
Велес 8024, Активни 361
Охрид 7614, Активни 607
Штип 7244, Активни 305
Струмица 6839, Активни 419
Кичево 4721, Активни 299
Кочани 4430, Активни 228
Струга 4211, Активни 228
Гевгелија 3435, Активни 332
Неготино 2918, Активни 202
Свети Николе 2310, Активни 112
Ресен 2184, Активни 229
Крива Паланка 2119, Активни 116
Радовиш 2093, Активни 200
Делчево 1651, Активни 135
Берово 1597, Активни 98
Дебар 1487, Активни 21
Виница 1235, Активни 37
Валандово 1251, Активни 145
Пробиштип 1223, Активни 49
Кратово 852, Активни 57
Крушево 792, Активни 144
Богданци 791, Активни 72
Демир Хисар 735, Активни 70
Македонски Брод 604, Активни 40
Македонска Каменица 473, Активни 40
Демир Капија 464, Активни 23
Пехчево 398, Активни 26
Дојран 199, Активни 13
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Менаџер на продавница во Скопје украл 2,7 милиони денари, парите од дневниот промет си ги ставал во џеб
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице вработено во продавница во трговски центар во Скопје. Тој е осомничен дека украл 2,7 милиони денари, а според последните информации од истрагата, тој сè уште ги крие парите.
Осомничениот 35-годишник ја злоупотребил својата службена положба – менаџер на продавница во трговски центар во Чаир, како и дадената доверба и пристапот до касите и сефот, па во периодот од 18.12.2025 година до 04.02.2026 година, во повеќе наврати одземал парични средства што му биле доверени. Парите од дневниот промет не ги депонирал во сеф ниту ги предавал на овластено лице за собирање и транспорт на прометот. На овој начин осомничениот незаконски присвоил 2.783.867 денари и ја оштетил компанијата во која работел.
Бидејќи откако бил откриен тој веднаш бил отстранет од работното место, јавниот обвинител предложи и дополнителни мерки на претпазливост во текот на постапката – забрана за напуштање на живеалиште, обврска да се јавува во судот и привремено одземање на пасошот.
Притоа, обвинителството го имаше предвид ризикот од бегство како и фактот дека осомничениот сè уште ги крие и не ги враќа противправно одземените пари на правното лице.
фото/Depositphotos
Македонија
Хоџа: Продолжува партнерството со Светска банка за системска борба против аерозагадувањето
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари работна средба со претставници на Светската банка, предводени од Карол Мегеванд, на која беше разговарано за досегашната соработка и можностите за нејзино понатамошно продлабочување во областа на управувањето со квалитетот на воздухот.
Од Министерството информираат дека на средбата било констатирано дека во моментов се имплементираат повеќе значајни проекти насочени кон подобрување на состојбата со аерозагадувањето, но дека останува потребата од дополнителни инвестиции.
Министерот Хоџа истакнал дека негова цел е системска промена во справувањето со аерозагадувањето, како клучен приоритет во неговата работа и во работата на Министерството. Тој нагласил дека долгорочните и одржливи решенија бараат силно партнерство со меѓународните институции и континуирана поддршка во спроведувањето на реформите.
Во таа насока, Хоџа изразил подготвеност за продолжување и продлабочување на соработката со Светската банка, нагласувајќи дека отворената комуникација ќе продолжи и во иднина, со заедничка цел – подобрување на квалитетот на воздухот и заштита на здравјето на граѓаните.
Министерот посочил дека Министерството и Владата континуирано работат на унапредување на квалитетот на воздухот преку Акцискиот план за чист воздух, Програмата за периодот 2024–2030, како и преку тековните проекти финансирани преку ИПА 2 и ИПА 3. Притоа, било истакнато дека останува потребата од дополнителни инвестиции и засилена техничка поддршка, за да се намали загадувањето и да се обезбеди чиста животна средина за сите граѓани.
Македонија
СЕММ: Половина од прекршувањата на кодексот на новинари се за неточно информирање
До Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) во текот на 2025 година беа поднесени 244 жалби за медиумски содржини, што е рекорден број претставки за една година.
Од нив, 96 се разгледани од Комисијата за жалби и се донесени 47 одлуки (за членови на СЕММ) и 43 мислења (за медиуми што не се членови на СЕММ).
„За 145 претставки е оценето дека немаат основа за разледување поради поминат рок, непознат жалител или, пак, се однесуваат на странски медиуми за што Комисијата за жалби при СЕММ нема надлежност. Најголем број од жалбите без основа за разгледување (преку 130) се однесуваа за медиумското известување за трагедијата во Кочани, главно за странски портали и телевизии. Сите стигнаа во интервал од само неколку часа, на 21 март 2025 година, што претставува уникатен случај во досегашната работа на медиумското саморегулаторно тело“, соопшти СЕММ.
Од разгледаните претставки, прекршување на Кодексот на новинари е утврдено во 58 жалби, додека во 32 жалби е утврдено дека нема прекршувања на професионалните и етички новинарски стандарди. Шест жалби се решени по пат на медијација или со т.н „пријателско решение“ меѓу жалителот и медиумот.
Најчестите подносители на жалби, со основа за да бидат разгледани, (36), се во групата „политичари, носители на јавни функции и јавни институции“. 25 жалби се поднесени од граѓани, 22 – од организации и здруженија од граѓанскиот сектор, 6 – од медиуми или новинари, 6 – од политички партии, додека жалители од други категории имаат поднесено уште 4 жалби.
И во 2025, како и во претходните години, жалителите главно се поплакуваа на содржини објавени на интернет порталите – дури 78 од разгледаните 96 жалби. На печатените изданија и нивното веб-издание се однесуваат 11 жалби, на веб-страниците на телевизиите – 6 жалби и една жалба е за телевизиска содржина.
Најчесто прекршувано правило од Кодексот на новинари на Македонија и во 2025 година според статистиката на СЕММ е Членот 1 кој од новинарот бара да објавува точни и проверени информации, со застапеност на втората страна. Потоа, според честотата на прекршување следува Членот 3 – кој вели дека „новинарот ќе настојува да објави исправка, демант или одговор кога ќе биде утврдена неточност на информацијата“. На третото место според бројот на прекршувања е Членот 10 од Кодексот – кој од новинарот бара да не создава ниту преарботува говор на омраза или дискриминација по која било основа.
„Прегледот на статистичките бројки и трендови укажува на тоа дека расте довербата во медиумската саморегулација, односно дека се повеќе индивидуалци и организации ја користат алатката за поднесување жалба – како сопствен придонес за поквалитетни медиумски содржини и одговорно новинарство“, велат од Советот.

