Македонија
Регистрирани 21 нов случај на коронавирус во Македонија, едно лице почина
Во последните 24 часа се направени 3.219 тестирања, а регистрирани се 21 нов случај на Ковид-19: Скопје – 8, Тетово – 4, Куманово и Гостивар – по 3, Кавадарци, Кочани и Кичево – по 1.
Регистрирани сe 14 оздравени пациенти, и тоа од: Тетово – 8, Скопје – 5 и Гостивар – 1.
Пријавено е 1 починато лице од Скопје (56) во болнички услови.
Направени се 3.219 теста преку: ИЈЗ – 128, ЦЈЗ Скопје – 45, ЦЈЗ Битола – 45, ЦЈЗ Прилеп – 35, ЦЈЗ Тетово – 17, ЦЈЗ Куманово – 25, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 0, лабораторија во болницата во Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 7, ГОБ „8 Септември“ – 14, Институт за микробиологија – 0, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 73, „Авицена“ – 215, „Биотек“ – 114, „Систина“ – 88, лабораторија „Лаор“ – 209, „Синлаб“ – 19, „Ремедика“ – 7, „Плодност“ – 41, „Генеа“ – 10, „Никоб лаб“ – 532, „ВФВ медикал“ – 10, „Ели медика“ – 12, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.573.
Досега во земјата се направени вкупно 935.732 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.951, бројката на оздравени пациенти е 150.237, на починати е 5.488, а бројот на активни случаи изнесува 226.
Според епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 68.767, Активни 87
Куманово 8.894, Активни 16
Прилеп 8.328, Активни 1
Тетово 7.343, Активни 74
Битола 6.310, Активни 2
Велес 5.474, Активни 0
Гостивар 5.199, Активни 16
Кавадарци 5.156, Активни 1
Охрид 5.023, Активни 4
Штип 4.963, Активни 3
Струмица 4.126, Активни 3
Струга 2.985, Активни 4
Кочани 2.794, Активни 2
Кичево 2.604, Активни 7
Гевгелија 2.196, Активни 1
Неготино 2.184, Активни 0
Свети Николе 1.525, Активни 1
Ресен 1.234, Активни 0
Крива Паланка 1.227, Активни 0
Радовиш 1.161, Активни 0
Берово 1.032, Активни 1
Делчево 973, Активни 0
Дебар 945, Активни 3
Виница 886, Активни 0
Пробиштип 789, Активни 0
Валандово 667, Активни 0
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 0
Демир Хисар 400, Активни 0
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 377, Активни 0
Македонски Брод 359, Активни 0
Пехчево 269, Активни 0
Македонска Каменица 249, Активни 0
Дојран 132, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Обвинителството ги проверува наводите на Жан Митрев
Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека ги проверува изнесените информации од докторот Жан Митрев дека СДСМ сакале да му ја преземат клиниката.
„Основното јавно обвинителство Скопје постапува и веќе презема дејствија на проверки во предметот оформен по допрен глас на 21.01.2026 година од страна на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, по однос на јавно изнесените наводи од лицето Жан Митрев, доктор и сопственик на Клиника „Жан Митрев“ – Скопје, а кои се однесуваат на тоа дека поранешен премиер и поранешен министер за здравство се обиделе да го принудат да им ги продаде неговите сопственички удели во клиниката“, соопшти Обвинителството.
Од таму додаваат дека во предметот се вршат проверки со цел да се испита евентуално постоење на елементи на кривично дело кое се гони по службена должност.
Македонија
Филипче: Реформите за ЕУ се блокирани, загрижуваат антиевропските манири на власта
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во денешното обраќање во Собранието, на настанот „Анализа на јавното мислење за процесот на пристапување на Северна Македонија кон ЕУ во 2025 година”, наведе неколку причини кои упатуваат на тоа дека, како што рече, власта има антиевропски манири, кои се загрижувачки и државата ја ставаат во фаза на стагнација и изолација.
„Влошувањето на односите со соседите не е во духот на пристапувањето кон Европа. Не може да се каже го решивме, го вративме старото име и да се влошуваат односите со соседна Грција, кога тоа не е така. Што е целта? Да се привлечат симпатии кај некои гласачи, коишто тоа навистина го очекуваа тоа врз основа на ветувањата на оваа власт во очи кампањата во 2024 година? Или континуираното влошување на односите со непримерни изјави со Бугарија? Не е тоа во духот на Европа“, рече Филипче.
Во обраќањето Филипче додаде дека не е во духот на Европа внесувањето на сомнителен капитал од Србија.
„Не го кажувам јас српскиот свет, го кажа Извештајот на Европскиот парламент. Не може да се дозволува без контрола да се носи капитал којшто бил одбиен од Европска унија. Се поставува прашањето зошто се отвораат врати на таков сомнителен капитал во земјава? Не може и не е во духот на европските манири да се носи резолуција во Собрането во која што се забранува слобода на говор, да внимава опозицијата што зборува“, рече Филипче.
Како што кажа Филипче, сериозно загрижуваат и изјавите од власта во однос на одлуката за електронската евиденција за влез во ЕУ, коишто го подгреваат антиевропскиот наратив.
„Од лани е таа одлука. Не може сега вие да кажете, Европа е крива. Не може се нас нешто учителката да не мрази.Ние знаеме што ќе биде, ама на нас е кај сакаме да бидеме и кон што сакаме да одиме и да се движиме. Нема префрлање на одговорностите. Власта значи пред сѐ одговорност. Се знае кои се обврските„, рече Филипче.
Во обраќањето, Филипче предупреди дека нема поместување ниту во доследно исполнување на реформската агенда.
„Повторно е тоа несработување на домашната задача. Еве два конкретни примери, за да знае јавноста дека не е проблем желбата и иницијативата од страна на опозицијата да се работи вистински на реформската агенда. Законот за енергетика, којшто зеднички го поднесовме со заеднички амандмани, за да во последен момент последниот амандман биде донесен спротивно на препораките на Европската Унија. Не може да гласаме за таков закон кој што треба да биде само про-форма дел од европската агенда или законот за Судски совет каде не се во целост имплементирани препораките од Оценската мисија. Не може да се маскираат работите“, рече Филипче, додавајќи дека граѓаните веќе стануваат сè посвесни за тоа што треба да се направи и како регионот оди напред.
Претседателот Филипче ги посочи последните податоци од истражувањето кои покажуваат дека кај поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ се зголемува поддршката за пристапување во ЕУ.
„Еден многу добар податок што мислам дека значи многу, а тоа е тоа што гласачи на ВМРО-ДПМНЕ изминативе две години, и тоа е најсигнификантна разлика, имаат поддршка кон пристапувањето на земјава кон Европската Унија. Тоа е многу добар податок. Гледаме дека континуирано е тоа кај поддржувачите на СДСМ. Така да сметам дека тоа мора да се издвои. Лошата работа во тоа е што премиерот Мицкоски не е во тие луѓе.“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Македонија
Се родија два џуџести мармозети во Зоолошката градина во Скопје
Два џуџести мармозети се родија во Зоолошката градина во Скопје.
„Принова кај најмалите мајмунчиња на светот: Еден од нашите парови џуџести мармозети доби близначиња ❤️
Џуџестите мармозети се сметаат за најмали мајмуни на светот и тежат најмногу до 100 грама. Токму затоа и двете бебиња се уште се тешко видливи со голо око. Тие постојано се на грбот на својата мајка, а за нив се грижи целата група“, објавија од Зоолошката градина.

