Македонија
Регистрирани 357 новозаразени, починаа 5 лица
Во последните 24 часа се направени 3.121 тестирања, а регистрирани се 357 нови случаи на ковид-19 во:
Скопје – 140, Кавадарци – 35, Прилеп – 32, Велес – 23, Охрид – 19, Куманово – 14, Тетово – 11, Неготино – 10, Гостивар – 7, Битола и Струга –по 6, Штип, Гевгелија, Берово и Богданци – по 5, Ресен, Делчево и Крушево – по 4, Струмица, Валандово и Кратово – по 3, Кочани, Крива Паланка, Радовиш и Пробиштип – по 2, Кичево, Свети Николе, Демир Хисар, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.
Регистрирани се 122 оздравени пациенти од: Скопје – 45, Кавадарци – 16, Гостивар и Дебар – по 8, Велес – 6, Гевгелија – 5, Прилеп, Куманово и Берово – по 4, Тетово, Кочани и Кичево – по 3, Неготино, Битола, Ресен, Струмица и Виница – по 2, Штип, Крушево и Дојран – по 1.
Пријавени се вкупно 5 починати лица. Починати се 2 пациенти од Струга (71г и 67г) и по еден смртен случај е пријавен од Штип (75г), Гостивар (71г) и Скопје (76г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Направени се 3.121 тест преку: ИЈЗ-435, ЦЈЗ Скопје-63, Авицена-336, Биотек-264, Жан Митрев (Филип Втори)-146, Систина-251, лабораторија Лаор–348, МАНУ-116, Судска медицина-3, ЦЈЗ Битола-77, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, ГАК-0, Синлаб-183, Ремедика-26, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 858, УК Пулмологија со алергологија–7, ГОБ 8-ми Септември-7, лаборатории од странство-0.
Досега во земјата се направени вкупно 485.147 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 96.872, бројката на оздравени пациенти е 87.446, на починати е 2.976, а бројот на активни случаи изнесува 6.450.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови, Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 42311, активни 2967
Куманово 5357, активни 246
Тетово 5259, активни 221
Прилеп 4815, активни 295
Гостивар 3701, активни 127
Штип 3564, активни 81
Битола 3316, активни 137
Велес 3282, активни 245
Охрид 3031, активни 388
Кавадарци 2932, активни 417
Струмица 2614, активни 148
Струга 2313, активни 167
Кочани 1771, активни 53
Кичево 1747, активни 74
Свети Николе 1098, активни 26
Гевгелија 1072, активни 101
Неготино 1039, активни 86
Дебар 777, активни 45
Ресен 776, активни 66
Крива Паланка 758, активни 43
Радовиш 739, активни 48
Делчево 698, активни 211
Берово 623, активни 36
Пробиштип 521, активни 20
Виница 503, активни 24
Валандово 337, активни 14
Демир Хисар 256, активни 11
Македонски Брод 250, активни 11
Кратово 252, активни 28
Богданци 233, активни 11
Крушево 233, активни 42
Демир Капија 227, активни 42
Македонска Каменица 192, активни 4
Пехчево 183, активни 4
Дојран 92, активни 11
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Стојаноска: Време е да се обединиме сите околу тоа повеќе да не функционираме како до сега
„Во текот на вчерашниот ден направивме анализа од резултатите од првиот изборен ден на претседателските избори и истото покажува дека голем број на нашите сограѓани Албанци, Турци, Роми и Бошњаци го имаат дадено својот глас за нашиот претседателски кандидат Гордана Силјановска Давкова“, рече Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6.
„Во име на тоа, од срце им се заблагодарувам на сите мои сограѓани и ги повикувам истото да го направат да го направат и во вториот круг имено ВМРО-ДПМНЕ подава рака кон сите, време е, момент е да се обединиме сите околу тоа повеќе да не функционираме како до сега, туку да вложиме да инвестираме во вистинска слобода, вистинска благосостојба и вистински соживот особено за нас особено во шестата изборна единица. Време е заедно да се спротивставиме на криминалот и Македонија да ја направиме своја и горда“, изјави Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6.
Македонија
„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма
Иновативната формулација на „Алкалоид“ АД за лекот со додадена вредност „Омепразол“ во течна форма, готов за употреба, прва од ваков тип во светски рамки, е прогласена за „Патент на годината за 2023“ од Државниот завод за индустриска сопственост, во рамките на пригодното одбележување на Светскиот ден на интелектуалната сопственост – 26 април.
Меѓународната патентна пријава на „Алкалоид“ за „Oмепразол“ во течна форма беше поднесена на 17 април 2020 година, со опфат на голем број региони и земји, меѓу кои земјите од Европската Унија, САД, Канада, Кина, земјите од Евроазиската економска унија и други. Патентната пријава при Европскиот завод за патенти, чии ингеренции опфаќаат патентни активности во 39 земји во Европа, беше одобрена на 3 август минатата година и валидирана во триесетина земји, меѓу кои и Македонија.
Патентот на „Алкалоид“ АД ја заштитува течната фармацевтска дозна форма на „Омепразол“, која се базира на два посебни раствори содржани во двокоморско пакување, кое при отворањето автоматски ги меша двата раствора и така се добива готовиот течен омперазол за употреба. Овој препарат е наменет, пред сѐ, за третман на рефлуксен езофагитис и на гастроезофагеалната рефлуксна болест (ГЕРБ) кај малите деца кои не можат да голтаат таблети, како и кај возрасните пациенти кои имаат тешкотии со голтањето (пациети со дисфагија) и неможност за голтање (пациенти со поставени сонди за гастрично хранење и/или геријатриски пациенти).
Државниот завод за индустриска сопственост е основан на 1 декември 1993 година како самостоен орган на државната управа и е надлежен за вршење на работите во врска со стекнувањето и со заштитата на правата од индустриска сопственост кои опфаќаат патенти, индустриски дизајни, трговски марки и ознаки за потеклото на производите. Оваа институција триесетта година по ред традиционално организира активности во насока на афирмација на улогата на индустриската сопственост во поттикнувањето иновации и креативни творби.
ПР
Македонија
Први и шести мај неработни за сите граѓани на Македонија, трети мај за граѓаните од православна вероисповед
Министерството за труд и социјална политика, согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07) соопштува дека:
1 мај 2024 година (среда), Денот на трудот е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
03 мај 2024 година (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.
06 мај 2024 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им ги честита престојните празници.