Македонија
Регистрирани 454 нови случаи на коронавирус, починаа 14 лица
Направени се 3.019 тестирање, а регистрирани се 454 нови случаи на Кoвид-19: Скопје – 187, Битола – 37, Прилеп – 32, Куманово – 30, Штип – 29, Кавадарци – 25, Велес и Тетово – по 17, Охрид – 12, Кочани и Пробиштип – по 9, Крива Паланка и Ресен – по 7, Неготино – 5, Свети Николе – 4, Богданци, Гевгелија, Делчево, Демир Хисар, Струга и Струмица – по 3, Берово и Кичево – по 2, Виница, Гостивар, Дојран, Македонски Брод и Пехчево – по 1.
Регистрирани сe 236 оздравени пациент од: Скопје – 98, Куманово – 23, Штип – 17, Велес – 16, Кавадарци – 14, Битола – 12, Прилеп – 10, Радовиш – 7, Кочани и Пробиштип – по 6 , Ресен и Берово – по 4, Свети Николе, Струмица, Делчево, Демир Хисар, Виница, Пехчево и Кратово – по 2, Гевгелија, Богданци, Кичево, Гостивар и Крушево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 14 починати лица: 6 починати лица од Скопје (52г, 53г, 66г, 77г , 80г и 87г), 2 починати лица од Велес (57г и 85г), и по едно починато лице од Кочани (62г), Битола (71г), Куманово (73г), Струмица (73г), Кратово (77г), и Кавадарци (79г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лица со датум на смрт од 31.10.2021. Регистрираното починато лице е од Скопје, на возраст од 76 години, во болнички услови.
Направени се 3.019 тест преку: ИЈЗ-190, ЦЈЗ Скопје-58, ЦЈЗ Битола-89, ЦЈЗ Прилеп-48,
ЦЈЗ Тетово–62, ЦЈЗ Куманово-55, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–296, Жан Митрев (Филип Втори)-59, Авицена-114, Биотек-133, Систина-54, лабораторија Лаор-140, Синлаб-6, Ремедика-0, Плодност–61, Генеа-6, Никоб лаб-205, ВФВ Медикал-30, Ели Медика-29, Ројал Медика –23, Спектра-ММ-2, Рапид Лаб – 4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.355.
Досега во земјата се направени вкупно 1.407.769 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 206.077, бројот на оздравени пациенти е 190.806, на починати е 7.232, а бројот на активни случаи изнесува 8.039.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 90126, Активни 3738
Куманово 12495, Активни 429
Тетово 11130, Активни 200
Прилеп 9682, Активни 387
Гостивар 8022, Активни 35
Битола 7770, Активни 489
Велес 6967, Активни 368
Кавадарци 6485, Активни 334
Штип 6327, Активни 271
Охрид 6224, Активни 213
Струмица 5942, Активни 100
Кичево 4159, Активни 114
Струга 3853, Активни 47
Кочани 3700, Активни 227
Гевгелија 2623, Активни 122
Неготино 2446, Активни 89
Свети Николе 2049, Активни 85
Крива Паланка 1734, Активни 178
Радовиш 1632, Активни 63
Ресен 1614, Активни 60
Дебар 1453, Активни 3
Берово 1291, Активни 61
Делчево 1214, Активни 76
Виница 1104, Активни 38
Пробиштип 1068, Активни 74
Валандово 868, Активни 24
Кратово 678, Активни 46
Богданци 600, Активни 24
Крушево 561, Активни 24
Демир Хисар 517, Активни 53
Македонски Брод 482, Активни 7
Демир Капија 410, Активни 1
Македонска Каменица 374, Активни 48
Пехчево 325, Активни 3
Дојран 152, Активни 8
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дебакл на Мицкоски, историски пад на странските инвестиции за 729 милиони евра, велат од СДСМ
„Драматчен пад на странските директни инвестиции во 2025 година од 61% покажуваат последните економски податоци на Народна банка. Со Христијан Мицкоски на чело на Владата, во 2025 година има намалување на странските инвестиции за огромни 729 милиони евра во споредба со 2024 година“, велат од СДСМ.
„Поради политиките на СДСМ, во 2024 година странските директни инвестиции изнесуваа 1 милијарда и 196 милиони евра, додека во 2025 година со Мицкоски тие се сведени на само 467 милиони евра. Дебакл.
Но, затоа има пари за криминални тендери, 161 тендер за една фирма, 51 за втора, 74 тендери за трета фирма блиска до власта. ВМРО-ОКГ се грижи само за својот приватен бизнис.
За време на владите на СДСМ, беа отворени 16 нови фабрики како резултат на директни странски инвестиции – гиганти. Се генерираа над 10.000 нови работни места само во технолошко-индустриските развојни зони.
Што се случува сега со Мицкоски и ВМРО-ОКГ? Има историски пад на инвестициите и губење на илјадници работни места. Германскиот гигант Aktiv официјално потврди дека се повлекува од Скопје, оставајќи 400 – 500 работници без работа. Во фабриката на Dura се кратат производни линии. Magna го стопираше своето претходно најавено ширење. Илјадници работни места се под сериозен ризик.
Ова е резултат на погрешните политиките на Мицкоски и ВМРО-ОКГ за изолација и криминални тендери за богатење на функционерите на власт.
Наместо да се занимаваат со економијата, тие преку своите медиуми се занимаваат со црна кампања и лажни афери. Нема интеграција – следи економска изолација“, соопшти СДСМ.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.

