Македонија
Регистрирани 631 нов случај на коронавирус, починаа 10 лица
Во последните 24 часа направени се 2.818 тестови, а регистрирани се 631 нов случаj на Ковид-19: Скопје – 337, Велес – 45, Битола – 32, Куманово – 30, Кавадарци – 26, Прилеп – 24, Тетово и Охрид – по 18, Струмица – 17, Кичево – 15, Гостивар – 8, Неготино и Дебар – по 7, Гевгелија, Ресен и Крива Паланка – по 6, Штип и Делчево – по 5, Кочани, Струга и Радовиш – по 3, Пробиштип и Богданци – по 2, Свети Николе, Виница, Кратово, Македоснки Брод, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (631), регистрирани се 102 реинфекции.
Регистрирани сe 910 оздравени пациенти од: Скопје – 504, Битола – 43, Куманово, Кавадарци и Велес – по 37, Прилеп – 28, Тетово – 27, Охрид – 21, Струмица и Струга – по 18, Кичево и Гевгелија – по 16, Гостивар – 15, Радовиш – 13, Штип – 12, Свети Николе – 11, Неготино – 10, Ресен – 8, Валандово – 6, Кочани и Берово – по 5, Виница – 4, Крива Паланка и Богданци – по 3, Делчево, Дебар, Кратово и Демир Хисар – по 2, Пробиштип, Крушево, Демир Капија, Пехчево и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 6 починати лица: 2 починати лица од Скопје (75г и 91г) и по едно починато лице од Куманово (81г), Кавадарци (70г), Струга (81г) и Прилеп (67г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 4 починати лица од: Скопје (2), Свети Николе (1), и Радовиш (1). Починатите лица се на возраст од 74г. до 92г. Лицата за починати се пријавени во период од 15.02. до 21.02.2022. Од починатите лица, 3 се починати во домашни услови, а едно лице во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица, кај 7 лица се регистрирани коморбидитети.
Направени се 2.818 тестови преку: ИЈЗ-383, ЦЈЗ Скопје-96, ЦЈЗ Битола-94, ЦЈЗ Прилеп-42, ЦЈЗ Тетово-2, ЦЈЗ Куманово-74, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-20, УК Пулмологија со алергологија –1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–129, Жан Митрев (Филип Втори)-56, Авицена-82, Биотек-101, Систина-52, лабораторија Лаор-61, Синлаб-15, Ремедика-15, Плодност-20, Генеа-10, Никоб Лаб-264, ВФВ Медикал-36, Ели Медика-18, Ројал Медика–6, Спектра-ММ-9, Рапид Лаб–8, Жан Митрев Струмица–4, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-20, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.196.
Досега во земјата се направени вкупно 1.880.891 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 295.712, бројот на оздравени пациенти е 281.582, на починати е 8.968 а бројот на активни случаи изнесува 5.162.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 137120, Активни 2808
Куманово 16105, Активни 214
Битола 14177, Активни 286
Прилеп 13521, Активни 196
Тетово 13345, Активни 159
Кавадарци 10101, Активни 193
Велес 9403, Активни 230
Гостивар 9359, Активни 76
Охрид 8488, Активни 129
Струмица 7907, Активни 123
Штип 7884, Активни 48
Кичево 5383, Активни 101
Кочани 4929, Активни 50
Струга 4639, Активни 52
Гевгелија 4202, Активни 79
Неготино 3614, Активни 79
Свети Николе 2619, Активни 16
Ресен 2578, Активни 58
Радовиш 2502, Активни 50
Крива Паланка 2361, Активни 28
Делчево 1888, Активни 18
Берово 1709, Активни 9
Дебар 1619, Активни 37
Валандово 1525, Активни 18
Виница 1362, Активни 5
Пробиштип 1284, Активни 5
Богданци 993, Активни 24
Кратово 928, Активни 14
Крушево 880, Активни 16
Демир Хисар 814, Активни 11
Македонски Брод 690, Активни 13
Демир Капија 548, Активни 9
Македонска Каменица 521, Активни 2
Пехчево 458, Активни 6
Дојран 256, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре, во утринските часови наместа со појава на магла, во текот на денот сончево со умерена облачност
Утре во утринските часови наместа ќе има појава на магла, а во текот на денот сончево со умерена облачност и претежно тивко. Во северозападните делови повремено ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде умерено до значително облачно и претежно тивко.
Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини ќе има појава на магла.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ
Милионските криминали во Државна лотарија кои што ги направија Прпарим Бајрами и Артан Груби, а беа одобрени од СДС денес излегуваат на виделина, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Овие криминали што денес извештајот на Државниот завод за ревизија ги утврди, како што појаснуваат, се случувале токму во времето на СДС и ДУИ.
„Бегалецот Прпарим Бајрами партнерот во криминал на бегалецот Артан Груби ја злоупотребил службената положба во износ од близу 2 милиони евра, пари на граѓаните, се додека СДС и Филипче молчеа и им го овозможуваа овој криминал.
На сите ни е јасно за каков криминален круг станува збор и зошто Бајрами и Груби се во бегство и зошто толку ги заштитуваше судството и обвинителството бирано од Зајас и Муртино“.
Според ВМРО-ДПМНЕ сега кога веќе Коцевски не е државен јавен обвинител и нема кој да ги заштити, СДС во страв и паника, додаваат од партијата на власт, отвораат теми како мигранти, шират лажни вести, хистерија и паника меѓу граѓаните.
„Воедно го повикуваме т.н “антикорупцискиот тим“ на СДС да го истражи и овој коруптивен случај, наместо да молчи пред фактите“.
Македонија
СДСМ: Резолуцијата не беше предадена во Собранието затоа што ДПМНЕ не сакаше да прифати да се разговара, тие се закануваа со тужби
Резолуцијата на СДСМ не беше предадена во Собранието затоа што ДПМНЕ не сакаше да прифати ниту да се разговара, ниту да се поднесе.
Наместо да разговараме тие се закануваа со тужби, велат од СДСМ.
„Не сакаа да се отвори дискусија во македонското Собрание, меѓу претставниците на народот – пратениците на кои граѓаните им дале мандат да ги застапуваат пред највисокиот орган на државата.
Наместо тоа, прво предложија темата да се префрли на општините, кои немаат никаква надлежност за вакво национално прашање. Не сакаа јавна расправа затоа што немаат аргументи против вистината.
Од самиот почеток бевме транспарентни и конструктивни“.
Граѓаните, додаваат од опозициската партија, ја видоа нашата Резолуција, јавно ја објавивме и со денови повикувавме заеднички да ја поднесеме и да ја потпишеме.
„Токму тоа им пречеше. Нашиот последен обид беше денес во Собранието.
Не ни дозволија да зборуваме за нашата предлог-Резолуција, премиерот и министрите побегнаа од пратеничките прашања, побеганаа од вистината и од дебата за Резолуцијата.
Поради тоа, во знак на протест, нашите пратеници ја напуштија седницата. Нема да учествуваме во предавството.
СДСМ нема да им биде прекривка за најголемото предавство на Македонија, пари за мигранти.
Нека си ја потпишат предавничката политика сами, заедно со колаборантите од ЗНАМ – за пари.
Со денови зборуваме за ова. Цел ден дефокус со вести, што јасно го покажавме преку нашата акција „Разоткривање“. Прават сè само за да ја сокријат вистината.
А вистината е следна: не сакаат да ја потпишат Резолуцијата, сакаат своја контра-резолуција. На граѓаните сега им е кристално јасно зошто“.
Имаме избори, истакнуваат од СДСМ и како што велат, имаме мигранти за пари.
„Почитувани граѓани, сите сите вие сега сте сведоци на предавството на Македонија, мигранти за пари.
Заедо ќе се бориме“.

