Македонија
Регистрирани 80 новозаразени, починаа 3 лица
Во последните 24 часа се направени 680 тестирања, а регистрирани се 80 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје-54, Куманово-1, Тетово-3, Велес-4, Кавадарци-2, Гостивар-7, Крива Паланка-1, Кочани-3, Виница-2, Делчево-1 и Свети Николе-2.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје-44, Куманово-5, Прилеп-7, Тетово-3, Битола-2, Кавадарци-1, Гостивар-3, Гевгелија-3, Струмица-6, Крива Паланка-1, Кочани-7, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Берово-2, Валандово-2, Виница-3, Свети Николе-3, Кичево-2, Неготино-1.
Во болнички услови починати се 3 лица – пациенти од Скопје (48), Струга (78) и од Струмица (68).
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 21.193, бројката на оздравени пациенти е 16.397, на починати е 800, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.996. Според завршените епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 8.626, активни 1.802
• Куманово 1.886, активни 172
• Дебар 294, активни 36
• Штип 1.368, активни 123
• Прилеп 814, активни 163
• Тетово 1.607, активни 222
• Струга 720, активни 61
• Велес 385, активни 63
• Битола 389, активни 102
• Охрид 463, активни 47
• Кавадарци 281, активни 60
• Гостивар 991, активни 84
• Гевгелија 202, активни 92 (12 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 29 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 437, активни 260
• Крива Паланка 155, активни 49
• Радовиш 141, активни 58
• Крушево 20, активни 0
• Кочани 506, активни 213
• Пробиштип 129, активни 20
• Демир Хисар 62, активни 1
• Македонски Брод 95, активни 2
• Пехчево 48, активни 5
• Берово 153, активни 54
• Валандово 65, активни 41
• Виница 138, активни 45
• Делчево 193, активни 101 (36 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 27, активни 3
• Свети Николе 403, активни 58
• Кичево 357, активни 32
• Ресен 170, активни 9
• Неготино 68, активни 18 (13 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 680 теста се преку: ИЈЗ – 153, ЦЈЗ Скопје – 9, „Авицена“ – 0, „Биотек“ – 159, МАНУ – 0 „Жан Митрев“ („Филип Втори“) -166, „Систина“ со PCR-метода – 160, лабораторија „Лаор“ – 0, Судска медицина – 0, ЦЈЗ Битола – 0, Инфективна клиника – 1, ГАК – 13, „Синлаб“ – 19, лаборатории од странство – 0. Досега во земјата се направени вкупно 209.349 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 54 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 6 мајки позитивни на Ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ нема нови приеми, а вкупно хоспитализирани се 44 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.
Во болницата во Битола хоспитализирани се 32, а во болницата во Штип – 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и во Кочани хоспитализирани се 194 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 89
• Гази Баба – 171
• Аеродром – 338
• Карпош – 317
• Центар – 328
• Кисела Вода – 209
• Ѓорче Петров – 154
• Бутел – 70
• Шуто Оризари – 13
• Студеничани – 3
• Сарај – 16
• Арачиново – 4
• Илинден – 31
• Сопиште – 12
• Чучер Сандево – 4
• Петровец – 6
• Зелениково – 3
• Странец – 14
• Нераспределен – 20
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пратениците на СДСМ утре ќе поднесат предлог за надзорна расправа и Анкетна комисија за Кочани
Пратениците на СДСМ и Коалицијата утре ќе поднесат предлог до Собранието за надзорна расправа и формирање посебна Анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата во „Пулс“ објави претседателот на СДСМ, Венко Филипче повикувајќи ги сите пратеници да ги поддржат.
„Пратениците на СДСМ и Коалицијата ги поддржуваат барањата на семејствата на загинатите и повредените во Кочани и утре ќе поднесат предлог до Собранието за надзорна расправа и формирање посебна Анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата во „Пулс“, за утврдување на вистината и одговори на сите прашања.
На денешната координација на пратеничката група на СДСМ и раководството на партијата оценивме дека ова се неопходни чекори за проверка на постапувањето на сите институции, утврдување на политичка одговорност, како и подготовка на понатамошни мерки и решенија за вакви трагедии никогаш повеќе да не се случат во Македонија.
Ги повикувам сите пратеници од сите политички партии да ги поддржат овие иницијативи во македонското Собрание.“ стои во објавата.
Македонија
Минчев во Рим: усвоена новата декларација за реформи на јавната администрација во Западен Балкан
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, учествуваше на 17. седница на Управниот одбор на Регионалното училиште за јавна администрација (ReSPA) на министерско ниво, која се одржа во рамките на конференцијата „Партнерство за реформи: Министерски дијалог Западен Балкан – Италија“ во Рим, Италија.
На седницата беа презентирани и усвоени Годишниот извештај за периодот од 19 октомври 2024 до 19 октомври 2025, кој ги акцентира постигнувањата во реформите на јавната администрација, како и Буџетот за 2026–2027 година, кој обезбедува континуитет во активностите и поддршката за земјите од регионот.
Изгласана беше и Министерската декларација за реформа на јавната администрација, која потврдува заложбата за регионална соработка.
Оваа година декларацијата се фокусира на модернизација, дигитализација и унапредување на соработката со земјите членки на ЕУ.
Седницата заврши со предавање на претседателството на Управниот одбор на ReSPA беше свечено од министерот за јавна администрација на Црна Гора, Мараш Дукај, на министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија, Снежана Пауновиќ.
Во рамките на оваа значајна регионална иницијатива, министерот Минчев со своето учество повторно ја потврди континуираната поддршка на Република Македонија за унапредување на реформите во јавната администрација, зајакнување на регионалната соработка и интеграцијата во европските административни стандарди.
Македонија
Два авиони наместо во Скопје пренасочени во Приштина поради силен ветер
Два вечерни лета кои требаше да слетаат на скопскиот аеродром, се пренасочени кон Приштина поради неповолни услови за слетување.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека во скопскиот регион дува силен јужен ветер, кој создава проблеми за безбедно слетување:
„Поради силен јужен ветер, кој го зафати скопскиот регион, два авиони се пренасочени за слетување кон приштинскиот аеродром, додека други два сè уште кружат и чекаат насоки за слетување“, рече Ангелов.
Според информациите, ветерот дува на поголема височина, што дополнително ги отежнува процедурите за приод и слетување на скопскиот аеродром.

