Македонија
(Видео) Регистриран е нечовечен однос на полицијата кон мигрантите, тврди Народниот правобранител
Националниот превентивен механизам при институцијата Народен правобранител во текот на минатата година извршил посета на 30 места каде што се сместени бегалците по што е утврдено дека полицијата нечовечно се однесувала кон мигрантите при нивно спроведување во возилата.
„Тимот на Националниот превентивен механизам неспорно утврди нехуман, нечовечен третман и однос од страна на полицијата спрема бегалците, меѓу кои имаше и жени и деца, при нивно спроведување во возило. Утврдена е и употреба на присилба од страна на припадниците на МВР кои не беа заведени во официјалната евиденција“, рече заменик-народниот правобранител, Васка Бајрамовска.
Таа исткна дека од страна на надлежните органи не било постапено по барањето на Народниот правобранител за доставување видеозаписи од спроведената присилна депортација на бегалците сместени во Табановце.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

