Македонија
Регулиран статусот на две категории полициски службеници
Со денешното доставување на решенија за распределување на 594 полицајци приправници на работни места „полицаец“, како и со врачувањето и потпишувањето на договори за вработување како „полицаец-приправник“ на 565 кандидати за полициски службеници што успешно го минаа конкурсот и обуката за полициски службеник по огласот од март 2017 година, Министерството за внатрешни работи го заврши процесот на регулирање на статусот на овие две категории на полициски службеници.
Како што информира МВР, согласно решенијата за распределување од 01.06.2018, новите 594 полициски службеници се распределени на работни места по организациски единици низ сите (седум) сектори за внатрешни работи при Бирото за јавна безбедност на МВР, најмногу на подрачјето на СВР Скопје и СВР Битола. Исто така, по однос на договорите за вработување на 565 кандидати за полициски службеници од денеска нив започнува да им тече приправничкиот стаж, како полицајци-приправници, и тој ќе трае шест месеци, а потоа следи полагањето на т.н. приправнички испит.
Практично, со ова се остварија најавите и заложбите на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и актуелното раководство на МВР за решавање на статусот на овие две категории, но и за натамошно доекипирање на организациските единици при МВР со нови луѓе, стои во соопштението од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

