Македонија
Редејќи сложувалка, министерот за финансии ќе ја носел ЕУ дома
Со фотографија на која реди сложувалка од знамето на ЕУ, министерот за финансии, Фатмир Бесими ја објави својата нова колумна. Во фокусот на неговото пишување се економските придобивки од нашето членство во европското семејство.
„Членството во Европската Унија е наша стратешка определба која ќе обезбеди подобра перспектива за нашите граѓани. Тоа значи подобра иднина за нас и идните генерации дома, а не во странство. Сепак, овој процес не е воопшто лесен, ниту едноставен, кој бара голема посветеност и трпение, но во исто време и храброст за носење важни одлуки. Како што донесовме храбри одлуки со уставните измени пред членството во НАТО, така и за членството во Европска Унија потребни се храбри одлуки за уставните измени кои се дел од процесот за отворање на преговорите со ЕУ. Но, исто така, ќе треба уште многу работа и посветеност во преговорите до полноправно членство во ЕУ“, пишува Бесими
Тој во денешната колумна се потсети на своја мисла, за која вели дека стои цврста како столб и ден денеска.
„Единствена опција за нас е продолжување на нашата европска агенда има задачи кои треба да ги извршиме за станеме дел од овој сојуз, заснован врз вредностите на човековото достоинство, слободата, демократијата, еднаквоста, владеењето на правото и почитувањето на човековите права. Да ја донесеме ЕУ дома!“, се вели во колумната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Министерството за здравство ги разгледува можностите и капацитетите за поддршка на Швајцарија за згрижување на повредените од трагичниот пожар
Министерството за здравство ги разгледува можностите и расположливите капацитети за да ѝ обезбеди соодветна поддршка на Швајцарија во делот на медицинското згрижување на повредените од трагичниот пожар во Кран-Монтана, соопштија од таму.
„Во таа насока, Министерството за здравство веќе постапува во координација со Дирекцијата за заштита и спасување на РСМ, а преку Координативниот центар на ЕУ за одговор на итни случаи (EU ERCC) воспоставен е канал на комуникација и со здравствените власти во Швајцарија.
Воедно, Министерството за здравство изразува искрено сочувство до семејствата на настраданите и најдлабока солидарност со повредените од овој трагичен настан“.
Македонија
Понудена помош за справување со трагичната несреќа: телефонски разговор на Муцунски со швајцарскиот амбасадор Зомер
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, по трагичната несреќа во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, по која беше активиран европскиот механизам за цивилна заштита, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, по остварена консултација со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и министерот за здравство, Азир Алиу попладнево оствари телефонски разговор со швајцарскиот амбасадор во земјава, Кристоф Зомер.
Во рамки на разговорот, Муцунски изрази искрено и длабоко сочувство до семејствата на загинатите, како и до народот на Швајцарија, упатувајќи желби за брзо и успешно закрепнување на повредените.
Во таа насока, министерот ја изрази подготвеноста на Република Северна Македонија да прифати повредени пациенти, како и да обезбеди соодветна медицинска поддршка во домашните здравствени установи.
Дополнително, министерот изрази подготвеност, доколку има потреба, македонски лекари – специјалисти, кои беа директно вклучени во лекувањето на пациентите по трагедијата во Кочани, веднаш да заминат во Швајцарија и да се вклучат во процесот на лекување на повредените.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“
Секторот за внатрешни работи информира дека во моментов, повторно е воспоставен нормален сообраќај на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“.
Сообраќајот, сега е нормализиран и се одвива во двете насоки а беше затворен и во целосен прекин, од 30.12.2025 година, поради превртена цистерна на патот.
Од тогаш, сите надлежни служби излегоа на местото на настанот и активно отпочнаа со мерки за утврдување на причините за незгодата и дислокација на превртената цистерна од коловозот.

