Македонија
Рекордни 1.964 нови случаи на коронавирус, починаа 7 лица
Во последните 24 часа направени се 7.724 тестови, а регистрирани се 1.964 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 1.070, Битола – 226, Прилеп – 122, Куманово – 52, Охрид – 51, Валандово – 44, Радовиш – 35, Велес – 32, Гевгелија – 31, Кавадарци – 29, Тетово и Кочани по – 22, Гостивар и Крушево по – 21, Струга и Струмица по – 20, Кичево и Крива Паланка по – 17, Ресен и Богданци по – 13, Штип, Неготино и Делчево по – 12, Свети Николе – 10, Кратово – 9, Демир Хисар – 8, Берово, Пробиштип, Македонски Брод и Пехчево по – 4, Дебар, Виница и Македонска Каменица по – 2, Демир Капија – 1.
Поради технички проблем во системот „Мој термин“, во текот на денешниот ден не беа евидентирани оздравени лица. Оздравените лица од денешниот ден ќе бидат прикажани во утрешната информација.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 2 од Скопје (82 и 87), 2 од Прилеп (74 и 86) и по едно починато лице од Ресен (67), Струга (71) и од Крива Паланка (39). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Во согласностс со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“ пријавени се 6 лица – 2 од Гевгелија (66 и 78) и по едно починато лице од Скопје (71), Битола (78), Делчево (70) и од Кавадарци (76), кои се починати во периодот од 30.12.2021 до 8.1.2022 година. Починатите се на возраст од 66 години до 78 години. Од пријавените, 3 лица се починати во болнички услови и 3 во домашни услови.
Направени се 7.724 теста преку: ИЈЗ – 584, ЦЈЗ Скопје – 117, ЦЈЗ Битола – 121, ЦЈЗ Прилеп – 61, ЦЈЗ Тетово – 20, ЦЈЗ Куманово – 97, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 0, лабораторија во болницата во Козле – 23, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ „8 Септември“ – 0, Институт за микробиологија – 4, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 192, „Авицена“ – 409, „Биотек“ – 511, „Систина“ – 147, лабораторија „Лаор“ – 314, „Синлаб“ – 78, „Ремедика“ – 31, „Плодност“ – 146, „Генеа“ – 36, „Никоб лаб“ – 755, „ВФВ медикал“ – 77, „Ели медика“ – 136, „Ројал медика“ – 46, „Спектра-ММ“ – 50, „Рапид лаб“ – 47, „Жан Митрев Струмица“ – 24, „Нова лаб дијагностика“ – 5, „Рамус“ – 51, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 3.642.
Досега во земјата се направени вкупно 1.672.767 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 236.241, бројот на оздравени пациенти е 215.853, на починати е 8.055, а бројот на активни случаи изнесува 12.333.
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 105.740, Активни 7.278
Куманово 13.440, Активни 311
Тетово 11.557, Активни 135
Прилеп 11.414, Активни 655
Битола 10.343, Активни 1101
Гостивар 8.210, Активни 128
Кавадарци 7.757, Активни 345
Велес 7.685, Активни 191
Охрид 7.179, Активни 443
Штип 6.937, Активни 188
Струмица 6.483, Активни 212
Кичево 4.435, Активни 115
Кочани 4.211, Активни 107
Струга 4.025, Активни 92
Гевгелија 3.133, Активни 196
Неготино 2.723, Активни 80
Свети Николе 2.189, Активни 36
Крива Паланка 2.022, Активни 65
Ресен 1985, Активни 108
Радовиш 1.899, Активни 94
Делчево 1.521, Активни 55
Берово 1.499, Активни 19
Дебар 1.469, Активни 11
Виница 1.200, Активни 21
Пробиштип 1.177, Активни 35
Валандово 1.130, Активни 93
Кратово 806, Активни 17
Богданци 725, Активни 42
Демир Хисар 673, Активни 32
Крушево 674, Активни 70
Македонски Брод 568, Активни 25
Демир Капија 441, Активни 8
Македонска Каменица 435, Активни 7
Пехчево 370, Активни 11
Дојран 186, Активни 7
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утрово најстудено во Струмица
Најниска температура од -6 степени Целизусови утрово е измерена во Струмица, соопшти УХМР. Следат Скопје-Петровец со -4 степени, -3 Гевгелија, -2 Кавадарци, Попова Шапка, -1 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, 0 Kрушево, 1 Куманово, Лазарополе, Mаврови Анови, 2 Берово, 4 Прилеп, Битола, Велес, Виница, Штип, 5 во Крива Паланка и Демир Капија и 6 во Охрид.
Во изминатите 24 часа до 7 часот утрово најмногу воден талог е измерен во Лазарополе од 24 литри на м2, 12 во Пожаране, 9 Маврови Анови, 3 Попова Шапка, 2 Крушево и 1 л/м2 во Охрид.
Времето денеска ќе биде променливо облачно. Во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени.
Во Скопје, променливо облачно. Во делови од котлината ќе има услови за повремен слаб дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.
Македонија
Возете внимателно, можни се одрони, предупредува АМСМ
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а сообраќајот се одвива без поголеми пречки. На граничните премини од македонска страна не се евидентираат подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат надлежните служби.
Од АМСМ апелираат до возачите да бидат особено внимателни при управување со возилата. Се препорачува прилагодена брзина на движење, строго почитување на сообраќајната сигнализација и зголемена внимателност, особено на патиштата кои минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде постои можност од појава на одрони.
Како критични делници се издвојуваат патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, каде возачите треба да бидат дополнително претпазливи поради конфигурацијата на теренот и можните нестабилности.
АМСМ потсетува дека внимателното возење и навременото прилагодување на условите на патот се клучни за безбедно патување, особено во зимски услови и при променливо време. Се препорачува редовно информирање за состојбата на патиштата пред поаѓање на пат.
Македонија
Денес локални врнежи од дожд и снег на планините
Времето денеска ќе биде променливо облачно. Во западните делови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 1 степен, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со повремен слаб дожд во делови од котлината. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Од УХМР информираат дека под влијание на циклонска активност, во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурата ќе биде во пораст.

