Македонија
Реновиран вакциналниот пункт во поликлиниката Чаир
Вакциналниот пункт во поликлиника Чаир е комплетно реновиран. Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска беше во посета на поликлиника Чаир, каде што заедно со директорот на Здравствен дом Скопје, Виктор Исјановски, го промовираа пунктот за вакцинација.
Министерот изјави дека новина во оваа поликлиника е што пунктот за магнетна резонанца ќе работи секој работен ден од 19:30 до 22:30 часот, покрај редовните две смени.
„Посветени сме на јакнење на капацитетите на специјалистичките служби. Токму службата за радиодијагностика во поликлиника Чаир е одличен пример за успешна примена на оваа радиодијагностичка метода, каде корисниците на здравствени услуги од цела држава имаат можност да направат комплетна дијагностика и третман, што истовремено придонесува за растоварување на терциерното ниво на здравствена заштита“, рече министерот Филипче.

Директорот на Здравствен дом Скопје, Исјановски, посочи дека од почетокот на 2019 година, досега 1.723 граѓани направиле снимки на магнетна резонанца.
„Поликлиниката Чаир е од огромно значење за граѓаните на град Скопје, бидејќи тука се опфатени сите специјалистички служби опремени со нова и софистицирана медицинска апаратура. Овој здравствен објект покрива околу 130 илјади жители од четири општини: Чаир, Бутел, Шуто Оризари и Чучер Сандево“, потенцираше директорот Исјановски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

