Македонија
Речиси 300 возачи санкционирани во Скопје поради брзо возење и алкохол
Сообраќајната полиција во Скопје, почнувајќи од синоќа, спровела акциски контроли за откривање на возачи кои возат под дејство на алкохол, но и за санкционирање на прекршоци од мотоциклисти и за контрола на брзината на движење.
Во периодот од 6 до 24 часот на 20 јули, при контрола за откривање на возачи кои управуваат возила со голема брзина, констатирано е дека 38 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а откриени се и 108 останати прекршоци.
Во периодот од 20 часот на 20 јули до 01 часот на 21 јули, при контрола за прекршоци од мотоциклисти, откриени биле 35 прекршоци, како и 55 останати прекршоци.
Во контролата за откривање на возачи кои управуваат во алкохолизирана состојба, кај 12 возачи утврдено било присуство на алкохол во крвта.
Сите 12 возачи се исклучени од сообраќај и им се одземени возачките дозволи, а откриени се и 47 останати прекршоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

