Македонија
Решени 1.000 барања од граѓани преку адресата [email protected]

На електронската адреса за комуникација со граѓаните [email protected] досега се пристигнати 1.142 барања, од кои решени се дури 1.000. Во текот на изминатата недела најголемиот број граѓани на овој мејл побарале да се постават заштитни столпчиња за да се заштитат јавните површини и тротоарите за безбедно движење на граѓаните од непрописно паркирани возила, пријавиле диви депонии и проблеми со улични кучиња, а се интересирале и за процедурите за сечење стари и суви дрвја.
На електронската адреса [email protected] граѓаните може да пријавуваат предизвици во надлежност на Градот, а градската администрација е задолжена да одговори на барањата во рок од 24 до 72 часа.
Целта на овој проект е ефикасно и ефективно работење на градската администрација во служба на граѓаните, која ќе придонесе Скопје да биде функционален град, кој нуди брзи, квалитетни и навремени услуги за скопјани. Со ваквиот начин на комуникација Град Скопје станува поблизок до скопјани и има цел преку непосреден однос со граѓаните да ги реши секојдневните предизвици со кои тие се соочени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Опожарено возило во Аеродром

Во периодот од 01:40 до 02:40 часот, пожарникарите гаснеле запалено патничко моторно возило, на површина од 2м2 на булеварот Видое Смилевски – Бато, општина Аеродром.
Интервенцијата ја извршиле тројца пожарникари со едно возило. Материјалната штета изнесува 9000 денари, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Македонија
Сарај и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:15 – 14:00 часот дел од село Кондово пред Медреса, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот делот позади Стаклара, општина Кисела Вода;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот МВ Каменик, с.Усје, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска Кисела Вода и Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, информира дека денеска ќе има прекин на водоснабдување на улицата Невена Георгиева Дуња поради изведување на водоводен прикључок од Ф100.
Без вода ќе бидат корисниците од улицата Невена Георгиева Дуња, улицата Дренак, улицата Виктор Иго и улицата Драга Стојановска во општина Кисела Вода. Прекинот на водоснабдувањето ќе биде од 09 часот до завршување на санирарањето.
Oд 09 часот поради изведување на водоводен приклучок Ф100 мм на улица Демир Трајко 64а ќе има прекин на вода на следните улици Демир Трајко, дел од улицата Ванчо Мицков и булеварот Партизански Одреди на Крак 1, 3, 5, 7, 9, 11 до завршување на истиот, општина Карпош.