Македонија
Ристески: Оваа Влада продуцира само криминал, затоа бргу ќе си оди, а потоа и ќе одговара
Пратеникот Петар Ристески на денешната собраниска седница зборуваше за тоа колку сите граѓани во државата не се исти и сето тоа благодарение на власта.
„Интересна ми беше тезата и која подолго време е наметнувана од апологетите на власта во медиумите и на социјалните мрежи дека сите се исти. Ајде преку пластични примери да видиме колку и дали сите се исти и кој за што се залагал и за што гласал и ќе гласа во овој период. Со какви личности функционерите влегувате со коалиција, почитувани колеги од Алијансата за Албанците, еве влегувате со генерални секретари на Владата, двајца на број, кои беа фатени во криминал и сега се влечат по судови. Но, на прашањето од каде ги стекнал средствата еден од нив за да изгради толку луксузна хациенда и да вози скап џип од 100 илјади евра, безобразно не сакаше ни да се скрие ни да се правда пред народот, пред јавноста рече дека парите ги добиле неговите деца за роденден. Јас би прашал, овие дечиња на возраст од 1до 2 години, кои славеле роденден, гледам дека не сме сите исти, бидејќи нашите деца на таа возраст проодуваат, прозборуваат, а овие домаќини на родителот инвестирале во хациенди, си купиле нов џип од 100.000 евра, е па воопшто не сме сите исти“, рече пратеникот.
Ристески во текот на своето обраќање посочи дека за тоа дека сите граѓани не се исти покажува и фактот што сите министри во Владата имаат регистрирано некакви фирми.
„Сите со ред што треба да седат на оваа страна, министри во Владата, сите имаат некакви фирми регистрирани, кој за производство на марихуана, кој со трговија со струја, кој за фотоволтаици и слично. Синот на бившиот премиер на 18 години си отвора фирма за трговија со струја кога сите други негови врсници размислуваат како да се запишат на факултет, како да положат матура. Синот на претседателот на Собранието уште пред да ги заврши студиите си положил правосуден испит, воопшто не сме исти. Никој друг, освен оние привилигираните, селектираните членови на ДУИ и на власта – 449, кои положиле правосуден испит пред да завршат дипломски студии“, изјави тој.
Ристески порача дека повеќе од очигледно е дека оваа власт продуцира само криминал и дека многу бргу ќе си оди и на крајот, ќе одговара.
„Ова е срамота, а не да ни зборувате преку вакви примери дека ќе бидете коалиција за Европа, коалиција што ќе се справела со криминалот и корупцијата. Оваа власт продуцира криминал и затоа бргу ќе си оди, ќе ги изгуби изборите, а потоа и ќе одговара“, порача тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Угинат балкански рис најден на патот Ресен – Охрид, постојат само 50-тина единки од овој вид
Угинат рис денеска е пронајден на патот Ресен – Охрид. Од Македонското еколошко друштво (МЕД) велат дека ваквиот случај не треба да нè остави рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-ина единки на балканскиот рис.
„По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.
Од таму велат дека за зачувување на загрозените видови потребно е да се изградат зелени мостови.
„Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот“, велат од МЕД.
фото/Facebook/Македонско еколошко друштво
Македонија
Ѓорѓиевски на ифтарска вечера: Ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, присуствуваше на ифтарска вечера.

„Таму каде што почитта нè обединува! Вечерва, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул-Улема, присуствував на традиционалната ифтарска вечера со нашите браќа и сестри од исламска вероисповед. Во духот на меѓусебната почит, разбирање и искрена човечка блискост, вечерта помина во пријатна и топла атмосфера, испраќајќи силна порака за соживот, толеранција и заедништво. Токму ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство, а почитта, наш заеднички темел“, напиша Ѓорѓиевски.

Додаде дека рамазанските денови се денови на духовна сила, добрина, солидарност и обединување, денови кога се отвораат срцата, кога се помага на ближниот и кога уште повеќе се зацврстуваат врските меѓу луѓето.
„Да продолжиме да се почитуваме, да се поддржуваме и да останеме сплотени, за заедно да ја оствариме нашата мисија – силно и модерно Скопје и просперитетна Македонија“, напиша градоначалникот.
Македонија
Предлогот за минимална плата од 600 евра не помина на Комисија во Собрание
Предлогот минималната плата да се зголеми на 36.960 денари (600 евра) од март, денеска не помина на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, откако официјално беше поднесен од пратеничката група на СДСМ.
Од опозицијата обвинија дека власта освен предлогот за јавна расправа го одбила и разговорот меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.
„Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, поднесен од пратениците на СДСМ денеска не беше прифатен на собраниската Комисија за економски прашања. За законот дебатираа само пратениците од опозицијата. Власта го одби и предлогот за јавна расправа, одби разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. Одбија решение за работниците. Одбија 600 евра минимална плата“, велат од СДСМ.
Според нив, власта има пари за луксузирање, за мебел, чанти, авион ама нема за поголеми плати за раотниците.
„Парите за авионот не е исфрлени, нема реабаланс на Буџетот, затоа што немаат намера да се откажат. Гледаме координирана кампања на 40% од медиумите кои ги држат во сопственост преку Орбан, со наратив дека „потребен е авион“. Не запираат. Има за авион. Има за мебел. Нема за плати. Дефокус не го полни фрижидерот. Со дефокус не можете да ја оттурнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари?“, прашуваат од СДСМ.

