Македонија
Ристески: Повеќе од јасно е дека на следните избори победник ќе биде ВМРО-ДПМНЕ
Пратеникот Петар Ристески при теренски посети ги посети населените места Воѓани,Обршани, Пашино Рувци и Крушеани каде укажа дека многу е јасно што се направи владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ до 2016 година за граѓаните на Република Македонија, и што направи СДС откако ја презема власта.
Секогаш има и од арно поарно, но еве видовме дека има и од лошо полошо. Овде веќе два мандати во Кривогаштани е СДС, па може да се направи разлика што се правело претходно, што се прави сега, во државата што се направи до 2016-2017 година, што се прави сега. Корупцијата на кое место сме биле тогаш 64, сега сме на на 111. Се кради од кај што ќе се стаса, рече тој.
Ристески посочи дека многу е јасно, а и сите анкети покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е победник на следните избори кога и да се одржат.
На овие избори наредни кога и да бидат, најкасно кажав напролет наредна година, можно е и на есен победник е ВМРО-ДПМНЕ. Сите анкети тоа го кажуваат и тоа е завршена работа, вели тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

