Македонија
(Видео) Д-р Љупчо Ристовски од Интегра се обрати во Сенатот на Америка
Претседателот на Интегра – Македонска конзервативна партија, д-р Љупчо Ристовски, денес имаше обраќање на посебна пригода во Сенатот на Америка, настан во организација на двајца сенатори Steve Daines, senator Jody Hice and senator James Lankford, Head of Senate Values Actiin Team и притоа оствари протоколарна средба со сенаторот Jody Hice, како и со конгресмени од повеќе држави од Јужна Америка, Америка и Африка.
Во своето обраќање Ристовски говореше за предизвиците на новото време, како во Македонија, така и на тлото во Европа, нагласувајќи ја потребата од нова политичка реформација за рефундирање на вредностите, доблеста и интегритетот во политиката, политичките системи и општествата во целина.
Ристовски имаше обраќање и на Легислативниот самит, детално објаснувајќи го притисокот врз Македонија, македонскиот јазик, историја и култура, од страна на екстремизмите на официјална Грција и Бугарија, како и заканите по регионот од повампирените империјалистички аспирации. Притоа се осврна на слободата како врховен дострел на полната демократија и како основен услов за прогрес и просперитет на нациите и државите.

На посебен настан во Сенатот се одржа Самит за Женева декларацијата за промоција на женското здравје, јакнење на фамилијата и семејните, конзервативни вредности, како и за одбрана на националниот суверенитет на државите наспроти неолибералните и глобалистички трендови низ светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Наутро услови за магла, во текот на денот претежно облачно
Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 16 до 19 степени.
Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на нестабилно време со појава на магла во утринските часови. Од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, наместа пообилни (над 30 l/m²). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а долж Повардарието од југоисточен правец (над 60 km/h).
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на 3 затворачи на улицата Франклин Рузвелт 37, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Франклин Рузвелт, Рампо Левката и Дрезденска, вклучително и домот „Здравко Цветковски“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Сарај, Центар, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 11.00 часот, дел од корисниците на ул 4и 10во сарај кај Џамијата (општина Сарај)
· во периодот од 08.30 до 13.00 часот, дел од ул.Васил Стефановски и 20ти Октомври (општина Центар)
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците на ул.Ловќинска кај Германска Амбасада (општина Карпош)
· во периодот од 01.00 до 13.00 часот ул.Михајл и Ефтихиј и Георги Димитров (општина Кисела Вода)
во периодот од 11.00 до 14.00 часот ул. 18,38 и ул.40 во Стајковци (општина Гази Баба)

