Македонија
Рокот на важност на пасошите и возачите дозволи се продолжува до 31 јули
На денешната седница, по предлог на Министерството за внатрешни работи, донесени се уредби со законска сила за патните исправи и за возачките дозволи на државјаните на Република Северна Македонија за време на вонредна состојба со кои се продолжува рокот на овие лични исправи до 31 јули 2020 година.
На оваа своја седница Владата ја донесе програмата за финансиска поддршка на физичките лица што вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот Ковид-19 во согласност со која ќе се врши исплатата на финансиски средства за финансиска поддршка на физичките лица што вршат самостојна дејност – баратели на финансиска поддршка, погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот Ковид-19 за април и мај 2020 година, во висина од 14.500 денари месечно.
Владата ја усвои и информацијата за почнување на програмирањето на Инструментот за претпристапна помош ИПА III за периодот 2021-2027 и ги задолжи министерствата да ги спроведат подготовките на стратешкиот одговор, организацијата на состаноците на секторските работни групи, како и подготовката на акциските фишеа за 2021 и 2022 и акциската програма во рамките на ИПА III.
На седница ја разгледа и ја усвои и информацијата за можноста за користење на Фондот за солидарност на Европската Унија (ФСЕУ) за справување со финансиското влијание на Ковид-19.
Во април 2020 година, како дел од иницијативата за инвестициски одговор на коронавирусот, ЕУ го прошири опфатот на ФСЕУ и тој сега вклучува и финансирање активности поврзани со сериозни вонредни ситуации од здравствена природа поврзани со Ковид-19 и обезбеди финансиска поддршка од речиси 800 милиони евра за најпогодените држави, со што би се олеснил товарот предизвикан од итните мерки. Пристап до овој фонд имаат земјите членки на ЕУ, како и земјите кандидати за членство во Унијата.
Владата ја разгледа и усвои информацијата и го прифати усогласениот текст на амандманот бр. 3 на договорот за грант меѓу земјава и Соединетите Американски Држави од програмата на УСАИД за развојната цел: „Република Северна Македонија е просперитетно, самоодржливо и инклузивно демократско општество“. Со овој амандман на договорот за грант УСАИД го зголемува износот на средства што ги доделува со дополнителни 15.929.675 долари, кои ќе бидат наменети за поддршка на растот на приватниот сектор, за поголема вклученост на информирани граѓани, за програми за добро владеење, како и за проекти за подобра кохезија во општеството.
Владата ја разгледа и усвои информацијата и даде согласност за спроведување постапка за набавка на моторни возила и мебел за потребите на Командата на СЕЕБРИГ (South-Eastern Europe Brigade – SEEBRIG). Во врска со ова Владата го прифати мислењето на Министерството за одбрана за неопходноста од набавката за Командата на СЕЕБРИГ, мултинационалната бригада на Југоисточна Европа, во која партиципираат шест земји членки на НАТО (Албанија, Бугарија, Грција, Романија, Северна Македонија и Турција), која со почеток од август 2020 година ќе биде стационирана во касарната во Куманово, во која во наредните 6 години 60 офицери на НАТО ќе работат во командата на оваа бригада.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

