Македонија
РСБСП: Бидете внимателни и одговорни зад воланот за време на празниците
Пред нас се денови на празници, неработни денови и продолжен викенд, кој најчесто се користи за патување, излети во природа и дружење со семејството и пријателите.
Пандемијата на Ковид-19, забраната за собирање во поголеми групи, препораките за социјална дистанца и делумното ограничување на движењето и оваа година ќе остават своја трага и ќе влијаат на тоа како ќе се прослават велигденските и првомајските празници.
Повеќето од граѓаните ќе останат во своите домови, а некои секако ќе ја искористат оваа празнична можност да отпатуваат во викенд-куќи, на планина, на езеро…
Секако дека оваа ситуација е добредојдена и препорачена во овие моменти, но РСБСП потсетува дека искуствата од минатите години покажуваат дека за време на празници, особено за време на продолжен викенд, многу често се случуваат сообраќајни незгоди со сериозни и фатални последици.
И покрај тоа што повеќето од граѓаните чувствуваат одреден немир, потреба за поголема слобода итн. поради мерките што се преземаат за заштита од Ковид-19, РСБСП потсетува дека сообраќајот не е место каде што треба да се троши вишокот адреналин и аперлира да се задржат здравиот разум и одговорноста и максимално да се почитуваат сообраќајните правила и прописи од страна на сите учесници во сообраќајот.
Последиците и загубите од сообраќајните незгоди се премногу сериозни, фатални, трајни и ненадоместливи за да може кој било да си дозволи неодговорно учество во сообраќајот. Бидете одговорни учесници во сообраќајот и на тој начин ќе придонесете доброто празнично расположение да остане, да биде присутно и да продолжи и по празниците.
Во сообраќајот нема мали и големи грешки. Секое непочитување на сообраќајните правила и прописи може да заврши со сериозни и фатални последици, затоа:
• возете одговорно и почитувајте ги сообраќајните правила и прописи,
• почитувајте ја поставената сообраќајна сигнализација,
• не управувајте со моторно возило ако сте под дејство на алкохол,
• почитувајте ги правилата за ограничување на брзината,
• задолжително ставете појас.
Безбедното одвивање на сообраќајот зависи од сите нас одделно, од нашите лични одлуки и дејства што ги преземаме. Затоа, мислете навреме за потоа да не се каете за последиците. Бидете одговорни учесници во сообраќајот. Внимателното и одговорно учество во сообраќајот, внимателното возење, е основен предуслов за безбедни празнични денови.
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ви посакува весели и безбедни велигденски и првомајски празници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.
Македонија
Мисајловски во Брисел: Македонија со НАТО-сојузниците за инвестициите и безбедносните приоритети
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денес ќе учествува на состанокот на ниво министри за одбрана на Северноатлантскиот совет на НАТО во седиштето на Алијансата во Брисел, Кралство Белгија.
Мисајловски заедно со колегите-министри за одбрана на сојузничките земји, за време на днешениот останок ќе дискутираат на повеќе теми меѓу кои и инвестициите во одбраната согласно последните одлуки од Самитот во Хаг, исполнување на целите на способност, зацврстувањето на одбраната, придонесот во операциите предводени од НАТО како и за актуелните безбедносни предизвици.

