Македонија
РСБСП со совети за возачите за опасностите што ги демнат на коловозите
Голем број возачи многу наивно ги доживуваат дождот и лошите временски услови, иако со секое наредно заврнување одново се уверуваме во опасностите што дождот ги носи со себе. Поради интензивните врнежи од дожд, кои ја зафатија земјава, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ги потсетува возачите и сите учесници во сообраќајот за опасностите што демнат на водните коловози, но и ги советуваат како да ги избегнат и безбедно да пристигнат на посакуваната дестинација:
Забавете! Патот на кочење на возилото е значително подолг на влажен асфалт, посебно ако имате лоши гуми. Наглите движења со управувачот, од друга страна, влијаат за полесно губење на контролата над возилото.
Држете се до средината на патот колку што ви дозволуваат условите за безбедно разминување со возилата од спротивната насока. Водата обично се собира на крајот на патот поради тротоарите. Ако сте надвор од градот каде што водата слободно се излева од асфалтот, овој совет не важи.
Држете поголемо растојание со автомобилот пред вас, а уште поголемо доколку возите зад камион или автобус. Нивните тркала исфрлаат поголема количина вода и со тоа значително ви ја намалуваат прегледноста и видливоста на патот.
Бидете внимателни при престигнување, особено камиони или автобуси. Шлеперите имаат цела војска тркала, кои се во состојба да направат цел облак од капки околу себе и на тој начин ќе ве спречат да ги видите возилата што доаѓаат од спротивната страна.
Вклучете ги светлата. Иако во Македонија тоа е задолжително, има возачи што и натаму фарови користат само ноќе.
Кочете внимателно и навреме, без разлика дали вашиот автомобил има АБС или не. АБС го спречува блокирањето на тркалата при остро кочење на лизгава површина, но не ги крши законите на физиката. Не заборавајте дека постојат и други возила зад вас кои може да ве удрат.
Чувајте се од големите езерца бидејќи во нив може да се крие ударна дупка, поголем камен или, едноставно, да се наводени дел од електрониката и да останете покрај патот со изгасен автомобил (иако многу автомобили се имуни на туширање).
Посебно внимавајте во текот на возењето. Светлоста на фаровите на возилата што доаѓаат од спротивната страна се одбиваат од патот и ве заслепуваат, при што капките од дождот под влијание на фаровите драстично ја намалуваат видливоста и дополнително ве заслепуваат.
Внимавајте на пешаците и на велосипедистите што носат капи, чадори, мантили и не може да ве чујат или видат, а многу нанедејно знаат да со сменат правецот на движење за да избегнат некое езерце.
Внимавајте на пешаците во урбана средина бидејќи почнуваат да трчаат како муви без глави кога ќе почне дождот претрчувајќи улица надвор од пешачкиот премин и на црвено, a не им е непознато ни претрчувањето на поголеми раскрсници по дијагонала.
Превентивни мерки:
Заменете ги бришачите. Додајте течност за миење на шофершајбната. Избришете ги сите стакла од внатре за да спречите замаглување. Препорачуваме употреба и на некое средство против замаглување. Проверете ги шарките на гумите, колку е поплитка шарата, току е поголема можноста на поголема брзина да дојде до лизгање.
Проверете ги сите светла (кратко, долго, трепкачи, стоп-светла, светла за магла…), а не е лошо и да ги измиете. Проверете ја резервната гума. На дожд многу е поголема можноста да поминете преку дупка, да ја скинете гумата и да ја оштетите фелната.
Доколку дошло до излевање рекичка преку патот, не обидувајте се да ја поминете со автомобил доколку не сте сигурни дека водата е плитка. Дождот може да биде многу јак и интензивен. Затоа, најдобро е да застанете настрана, задолжително надвор од патот, да пуштите позициони светла, да вклучите четири трепкачи и да почекате невремето да се смири. Вакви временски непогоди вообичаено не траат повеќе од 10 минути, советуваат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ бара одговори: Како пет тони дрога ја поминаа границата без да се забележи
По случајот со заплената на 5 тони дрога во Србија, за која постојат индиции дека потекнува од Македонија, СДСМ повикува на одговорност од институциите и посочува на можен организиран криминал со политичка поддршка.
„Цела недела помина без одговор: како е можно 5 тони дрога да ја поминат македонската граница без никој да одговара?“, прашуваат од СДСМ во денешното соопштение, посочувајќи дека ваков криминал не може да се одвива без логистика, поддршка и заштита од структури на власта.
Од партијата потсетуваат дека на граничните премини постојат камери од проектот „Сејф сити“, скенери, мобилни царински служби и други форми на контрола, што, според нив, ја прави невозможна ваква пратка да помине незабележано.
СДСМ истакнува дека случајот во Србија, според информации во медиумите, е поврзан со владејачката партија СНС – сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ, како и со државни функционери.
„Ова е организиран криминал со политичка заштита. Кој во врвот на власта, во МВР, Царината и другите надлежни институции е соучесник?“, прашуваат од СДСМ.
Од партијата обвинуваат и за дефокус: „Наместо одговори, гледаме обиди на власта за дефокус преку медиумски кампањи, со цел политичка злоупотреба и напади врз СДСМ.“
СДСМ порачува дека „картелскиот скандал води до врвот на власта“ и дека мора да има одговорност.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ реагира: Заев се јави во одбрана на својот криминал, тој е таткото на бизнисот со канабис
Олицетворението на криминалот, главата на октоподот во корупцијата и лидерот на СДС од сенка, Зоран Заев се јави во одбрана на својот криминал кој изминативе денови се запленува во форма на дрога од неговата му родна Струмица, велат од ВМРО-ДПМНЕ по објавата на експремиерот Заев на социјалните мрежи, во која тврди дека владејачката партија шири лаги.
„Негови први пријатели на кои им даваше тој заедно со Венко Филипче лиценци за одгледување на марихуана за медицински цели, гледаме деновиве дека тие за тоа не го користеле канабисот туку за нелегална продажба на нелегален продукт – дрога.
Над 20 тони дрога беа изнесени само од фирмата “ЦБД Медплант” во сопственост на Христијан Котев, син на Тони Котев, претседател на ОО Ново Село во времето на Заев. Заев и Венко им дадоа лиценци на овие луѓе, а гледаме како заврши истото.
Заев е таткото на бизнисот со Канабис. Оттука нека каже дали неговото семејство и нему блиски луѓе се влезени во тој бизнис? Зошто јавно лаже?
Дополнително, за тоа дека градел облакодери во Дубаи има сведоштва од негови познаници и соработници кои јавно тоа го кажуваат. Заев треба јавно да каже врз кој основ и како стигнал до златна виза во Дубаи?
Заев е исплашен до толку од одговорност што по се изгледа, почнува да станува клаустрофобичен?
Заев се потврди дека ја води СДС, а Венко е парадерот. Одговорност и правда ќе има“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Српските медиуми објавија дека Даниел Кајмакоски бил киднапиран во Белград
Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски бил киднапиран во текот на ноќта во близина на „Бетон хала“ во Белград, објави српскиот портал Блиц и уште десетици меидуми од таа земја.
Според информациите на медиумите, непознати сторители, по кои сè уште се трага, присилно го внеле пејачот во автомобил, барајќи откуп во износ од 20.000 евра.
Пејачот бил одведен до градот Рума, каде што, според пишувањето на Блиц, при обид полицијата да го запре возилото, киднаперите удриле во заштитна ограда покрај патот, излегле од автомобилот и побегнале.
Даниел Кајмакоски во Србија е познат како победник на првата сезона од регионалното музичко натпреварување „Икс фактор“. Во 2015 година ја претставуваше Македонија на изборот за Песна на Евровизија во Виена со песната „Лисја есенски“, но не успеа да се пласира во финалето.
Засега нема официјални информации од надлежните власти за случајот.

