Македонија
Рудникот „САСА“ донира 126 илјади евра за борбата против коронавирусот
Рудникот за олово и цинк „САСА“ ја објави намерата да донира до 126.000 евра во медицинска опрема, заштитни материјали, прехранбени и хигиенски производи и парични средства за справување со пандемијата на Ковид-19.
Оваа донација ја сочинуваат пет компоненти. Првата е наменета за набавка на најсовремена автоматска анестезиолошка страница во општата болница во Кочани за што ќе бидат обезбедени 35.000 евра. Оваа машина ќе биде наменета за третман, поддршка и следење на здравствената состојба на пациентите кои се лекуваат во оваа болница. До 25.000 евра ќе бидат наменети за набавка на заштитна опрема за медицинскиот персонал во Клиничката болница во Штип каде се лекуваат пациентите со Ковид-19 од целиот Источен Регион. Изборот на конкретната медицинска и заштитна опрема што ќе бидат набавени е направен во координација со раководните тимови на двете болници.

Преку донација на прехранбени и хигиенски производи во вредност од над 5.000 евра рудникот „САСА“ се вклучи и во реализацијата на хуманитарна акција што ја спроведува претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, насочена кон поддршка на граѓаните од најранливите категории кои се во социјален ризик, погодени од кризата предизвикана од пандемијата.
Рудникот „САСА“ исто така донираше 50.000 евра за Министерството за здравство. Менаџерскиот тим на компанијата верува дека ресорното министерство најдобро ќе ги утврди потребите за финансирање на здравствениот систем и соодветно ќе ги распредели овие средства со цел да го заштити населението од ширењето на Ковид-19.

DCIM100GOPROG0020339.
Претходно, „САСА“ обезбеди и заштитни маски, ракавици и дезинфекциски средства за жителите од локалната заедница во вредност од околу 11.000 евра.
„Врвен приоритет на рудникот ‘САСА’ и неговите сопственици – компанијата ‘Централна Азија Металс’ од Лондон – во овие тешки времиња е благосостојбата на нашите вработени, добавувачите и на луѓето од локалните заедници во кои работиме. Горди сме што имаме можност да им помогнеме на оние на кои таа им е најпотребна. Раководени од овие вредности, соработуваме со институциите на локално и национално ниво за да утврдиме како можеме најдобро да придонесеме во борбата против Ковид-19. Веруваме дека во финансирањето на областите што ги идентификувавме ќе дадеме навистина значаен придонес за земјата, со што сите заедно ќе ги надминеме предизвиците што оваа пандемија ни ги наметна“, вели генералниот директор на рудникот „САСА“, Олег Телној.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силен земојтрес почувствуван во Македонија
Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22:05 часот во Македонија.
Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на 15 километри од Тетово, со магнутуда од 4,6 степени.
Земјотресот бил на длабочина од 5 километри.
Засега нема информации за штети.
Македонија
Тополова-Исајловска: Криминалот врз културното наследство остава трајни последици
Јавното обвинителство е една од клучните институции-потписнички на двата меморандуми за разбирање, чија цел е зајакнување на институционалните капацитети за справување со кривични дела против културното наследство и животната средина.
Настанот го означи успешното завршување на твининг проектот помеѓу Италија и Република Северна Македонија,финансиран од Европската Унија со средства од Инструментот за претпристапна помош – ИПА.
“Кривичните дела во овие области се карактеризираат со високо ниво на сложеност. Тие често вклучуваат организирани структури, прекугранични активности, финансиски интереси и значителна материјална штета. Последиците од ваквите дела, за разлика од други форми на криминал, во голем дел се трајни – уништеното културно добро или деградираната животна средина речиси никогаш не можат целосно да се обноват. Затоа, покрај националните механизми, од суштинско значење се и инструментите на меѓународна правна помош, размената на информации и оперативната соработка, како со институциите од регионот, така и со институциите од Европската Унија”, истакна при потпишувањето на меморандумите В.Д. Јавниот обвинител, Анита Тополова Исајловска.
Целта на проектот, во чија реализација беа вклучени италијанските Карабинери со специјална експертиза, беше зајакнување на националните капацитети за спречување, истражување и борба против кривични дела поврзани со културното наследство и животната средина во согласност со стандардите и најдобрите практики на ЕУ.
Меѓуинституционалната соработка беше зајакната преку структурирани механизми за координација, што резултираше со потпишување на двата Меморандуми за разбирање со кои се воспоставуваат национални мултиинституционални платформи за заедничко дејствување против криминалот со културното наследство и животната средина.
Македонија
СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија на ниво на Буркина Фасо и Танзанија според Транспаренси
СДСМ обвини дека корупцијата во Македонија „цвета“, повикувајќи се на Извештајот на Транспаренси за 2025 година, според кој, како што наведуваат, земјата е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија.
Од партијата тврдат дека граѓаните „секој ден гледаат дека во Македонија цвета корупцијата поради криминалот на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ“.
Во соопштението се наведува дека „161 тендер се доделени на една фирма, 51 тендер за омилената фирма на ВМРО преку општините, 9 милиони евра за фирма само со двајца вработени, 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта“.
СДСМ ги споменува и петте тони дрога преку граница, оценувајќи дека се случил „најголемиот нарко-скандал во регионот со дрога од Македонија која била шверцувана во Србија“.
Според партијата, „наместо реформи во правосудството, власта презема целосна контрола врз судството и обвинителството и носи закони кои не се согласно препораките на ЕУ“.
„Нема борба против криминалот и корупцијата туку има обиди за заштита на криминалците од врвот на власта“, наведуваат од СДСМ.
Во соопштението се додава дека „сè тоа ја става Македонија во групата на земји како Буркина Фасо и Танзанија, според Извештајот на Транспаренси за 2025 година“.

„Македонија го има својот Мадуро кој ја води земјата кон намерна изолација од ЕУ за може слободно да се спроведува грабежот зад грбот на граѓаните“, додава СДСМ.

