Македонија
Русковска: Случајот со убиствата не смее да добие политичка конотација

Поранешната обвинителка и шефица на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска смета дека случајот со свирепите убиства на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот велешки фризер Панче Жежовски, не смее да добие политичка конотација.
„Не мислам дека сето ова може да добие политичка конотација и не би смеело да добие, затоа што се работи за две грозоморни убиства, особено ако се има предвид дека едно од жртвите е 14-годишно дете“, изјави Русковска денеска (8 декември) по настанот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“, пренесе „Радио Слободна Европа“.
Таа додава и дека истрагата допрва треба да утврди која е вистинската заднина на случајот, а очекува и дека тоа во предвид ќе го имаат турските власти кои трба да го екстрадираат првоосомничениот Љупчо Палевски – Палчо кој беше уапсен на 5 декември кај градот Баликесир.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Филипче до Мицкоски: Прочитан си како буквар, не направи ниту една реформа во судството, не те интересира правда

„Јавно ги прашувам ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, до кога Венко Филипче и СДСМ ќе им бидат криви што не можат да спроведат ништо, ниту една реформа, ВМРО-ДПМНЕ веќе е очајно кога зборува за судството“, рече претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче.
„Година и пол наназад поставуваат свои судии, свои обвинители и само го партизираат судството. Нема ништо суштински од спроведувањето на реформите. Јас бев тој којшто понудив рака бев на состанок кај примерот да направиме заеднички работни групи да се спроведе реформската агенда досега не е донесен ниту еден реформски закон од сферата на правосудството“, рече Филипче.
Во изјавата тој додаде дека од вкупно 12 закони кои што требаше да се донесат оваа година, седум од нив до јуни 2025 година и уште пет до крај на годинава – ниту еден, не само што не е донесен, не е ниту поднесен од страна на министерството за правда во Собранието, додаде Филипче.
Очигледно е како што кажа Филипче дека ВМРО-ДПМНЕ сака да го контролира судството.
„Не може партиски портпароли да кажуваат кој треба да биде зад решетки, тоа треба да го каже независно и целосно функционално судство. Тоа го бараат граѓаните.
Сакам да им порачам дека се прочитани како буквар. Еднаш граѓаните тој филм го гледаа со партизирано судство кога го користеа да се закануваат да го користат политички, да го користат како инструмент за политички прогон. Репризата во филмот ниту некој сака да ја гледа, ниту пак поминува и сметам дека граѓаните треба да ги казнат на изборите за ова однесување“, изјави Филипче.
Македонија
За формирање многудетно семејство потребен е достоинствен приход, Мицкоски ги уништи приходите, велат од СДСМ

Додека Мицкоски продолжува да ги убедува граѓаните дека треба да имаме многудетни семејства, неговата Влада прави сè за да не им го овозможи тоа. Мицкоски, кој доаѓа од високата класа и има часовници од 60.000 евра и бизнис од 10 милиони евра, не може да разбере дека за одгледување на повеќе деца се потребни пари и услови, реагираат од СДСМ откако премиерот Христијан Мицкоски кажа дека формирањето многудетно семејство е највисок патриотски чин.
Од СДСМ прашуваат, знае ли Мицкоски дека според последните статистики дури 22% од децата живеат во сиромаштија?
„Наместо да работи на политики за зајакнување на стандардот, покачување на платите, обезбедување поддршка за мајките и жените, наместо да се бори со конкретни механизми за да ги мотивира младите брачни парови да имаат деца, тој им беседи за патриотизам.
На Мицкоски треба да му е јасно дека сите сакаат деца, но за да се имаат повеќе деца потребно е родителите да се чувствуваат сигурни, со стабилни приходи и да живеат во перспективна држава. Ништо од тоа не е Македонија на Мицкоски во овој момент.
Граѓаните се иселуваат, перспективата не постои, платите не растат, економијата тоне. Владее несигурност како никогаш досега. Улиците не се безбедни, има убиства секој ден. Во ваква држава, џабе се пораките на Мицкоски за патриотизам“.
Патриотизам, како што оценуваат од опозициската партија, е да се бориш за луѓето, за секое семејство, да ги покачуваш платите, а не да ја штитиш олигархијата.
Македонија
Шукова: „Вардариште“ ќе стане современа претоварна станица, а не дива депонија

Кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денеска изјави дека Вардариште ќе добие конечно и трајно решение како дел од планот за Скопје без диви депонии.
„Вардариште мора да се затвори како дива депонија и да се уреди како претоварна станица по европски стандарди,“ истакна Шукова.
Таа нагласи дека изминатите четири години на оваа локација не биле преземени никакви интервенции, што резултирало со сериозни еколошки и здравствени последици за граѓаните.
Во нејзината програма е предвидено Вардариште да се огради и обезбеди со 24/7 чуварска служба, да се исчисти и уреди, да функционира како регуларна претоварна станица со селекција на отпад и да биде дел од интегриран систем за управување со отпадот во Скопје.