Македонија
Сакал да шверцува 15 илјади австралиски долари и 10 илјади евра, го фатиле граничарите на Ќафасан

Запленети се 15.050 австралиски долари кога македонски државјанин на влез во државата на граничниот премин Ќафасан кај царинските службеници пријавил само две илјади долари, иако со себе носел поголема сума девизи, известува Царинската управа.
„Поради сомневање, царинските службеници пристапија кон личен претрес, при што во рачната чанта му пронајдоа 10 илјади евра и 15.050 австралиски долари“, се додава во соопштението на Царинската управа.
Во согласност со Законот за девизното работење на патникот му се вратени 10 илјади евра, а преостанатите се задржани и во согласност со регулативата ќе бидат предадени во Народната банка. Против лицето е поднесена пријава за девизен прекршок до надлежниот суд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Утре еден час помалку спиење – во два по полноќ почнува летното сметање на времето

Вечерва, сабота кон недела, почнува летното сметање на времето.
Тоа значи дека стрелките на часовникот во два часот наутро на 30 март ќе се поместат еден час нанапред и ќе биде три часот.
Летното сметање на времето завршува во последната недела во октомври, со поместување еден час наназад, кога три часот наутро ќе се брои како два часот по полноќ.
Летното сметање на времето е договореното правило за поместување на часовниците напролет, во последната недела од март. Овој систем во светот е стар повеќе од еден век. Предложен е 1905 од британскиот претприемач и градежник Вилијам Вилет, но бил прифатен во 1916 година со цел заштеда на јаглен.
Во Македонија летното сметање на времето е воведено во 1983 година, кога таква одлука била донесена на ниво на тогашната Сојузна федеративна република Југославија.
Македонија
Променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, особено попладне

Времето денеска, променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, особено попладне. Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м2), појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 17 степени.
И во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, особено во попладневните часови.
Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м2), појава на грмежи и засилен ветер.
Македонија
Големо невреме на автопатот Штип-Миладиновци, зголемен број на одрони

Големо невреме вечерва има на автопатот Штип-Миладиновци. Кај наплатната станица Кадрифаково покрај поројниот дожд имало и град.
Подружницата на „Македонија пат“, информира дека поради зголемен број одрони на патот Делчево-Пехчево-Берово, екипи на претпријатието работат на нивно чистење.
„Апелираме на претпазливо возење и почитување на сообраќајната сигнализација. Екипите остануваат на терен до целосно отстранување на одроните“, информираа од „Македонија пат“.