Македонија
Само 12 лиценци за кабареа биле издадени лани, Мицкоски вели – сите што работат на диво ќе бидат затворени
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека минатата година биле издадени смо 12 лиценци за кабареа, а може а се заклучи колку многу клубови работат во државата. Како што рече, сите кои се без лиценци ќе бидаат затворени и ниту еден клуб нема да работи нелегално.
„Состојбата е шокантана.Дојдовме до заклучок дека во 2024 година се издадени вкупно 12 лиценци за кабареа, а сега можете да претпоставите колку клубови работат низ државата, а само 12 поседуват лиценци и тоа од тие не знаеме кои се се уште валидни бидејќи на некои претпоставувам рокот им е изминат, затоа што тие се со важност од една година, така што не очекува многу работа. Очигледно е дека некој не си ја вршел работата и сега се обидува под наводно некаква политизација да ја сокрие криминалната работа која што ја правел изминативе години додека раководел со тaа институција. Нема да има милост, од која сака нека е етничка припадност или политичка партија, ако треба за уши ќе ги влечеме од дома“, рече Мицкоски, додвајќи дека ова е масовно убиство што некој го дозволил за пари и криминал.
За клубот „Пулс“ каде што се случи пожарот, Мицкоски рече дека низ годините речиси цело време работел без лиценца, а извадил само во 2021 и 2023 година.
За кочанскиот градоначалник кој поднесе оставка, Мицкоски тврди дека тој немал никаква одговорност, но постапил правилно со оставката. Мицкоски рече дека како што Владата досега успеала да се избори со уличната мафија, мафијата со казината, мазутот, така и ќе ја порази административната мафија.
Тој им се заблагодари на соседите и земјите кои хоспитализираа пациенти, како и на домашните здравствени работници за пожртвуваноста. Ги повика и сите кои биле во или околу објектот да побараат медицинска помош, бидејќи може да има ефекти по неколку дена, па состојбата треба да се следи. Се прават надчовечки работи за сите пациенти да бидат стабилни, рече Мицкоски.
Во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани, животот го загубија 59 лица, а 162 се повредени. Досега се уапсени 11 лица. Претходно денес беше објавено дека починал и возачот на брзата помош од Кочани кој ги превезувал повредените. По трагедијата и трауматичниот работен ден, дошол дома и заспал, и повеќе не се разбудил, објавија повеќе медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

