Македонија
Санционирани 51 возач поради брзо возење низ Скопје

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе зајакнати контроли со цел санкционирање на прекршоците на учесниците во сообраќајот.
Вчера во периодот од 6 до 24 часот спроведе контрола на брзина на движење на моторни возила. Од извршената контрола утврдено е дека 51 возачи ја пречекориле брзината во населено место и тие се соодветно санкционирани. Откриени се и 59 останати прекршоци, кои исто така соодветно се санкционирани.
На 9-10 август во периодот од 19 до 1 часот беше спроведена контрола за прекршоци што ги чинат возачи на мотори ,при што беа откриени 17 прекршоци, кои се соодветно санкционирани. Исто така беа откриени уште 51 останати прекршоци.
На 09.08.2019 година во периодот од 15.00 до 20.00 часот беше спроведена контрола за непрописно престигнување, при што преземени се шест мерки. Откриени се и 13 останати прекршоци, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Претежно облачно со услови за дожд и снег

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно со услови за слаб дожд, на планините и на повисоките места слаб снег, претежно во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје претежно облачно, во раните утрински часови во делови од котлината ќе има услови за врнежи од слаб дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, а локални врнежи од дожд се очекуваат во четврток. Утринските и дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

ЈП Водовод и Канализација известува дека денеска поради изведување на водоводен приклучок од ф 80мм на улицата Васил Стефановски бр 2. без вода ќе останат корисниците на дел од улиците Васил Стефановски, Костурски Херои, Борка Талевски, Петар Поп Арсов, 9-ти Мај, Роза Луксенбург, Христо Смирненски во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Македонија
Без струја дел од Бутел и Карпош

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел и Карпош.
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од дел улица Радишани и дел од улицата Бел камен во општина Бутел,
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од корисниците од улицата Јури Гагарин во општина Карпош.