Македонија
Сајкоски: Програмата на Владата 2024-2028 е реална и остварлива, Македонија конечно ќе зачекори напред
„Имаме неповторлива шанса да покажеме што можеме да направиме за Македонија, да покажеме дека државата не се сака само со зборови, туку со дела, добри дела кои траат вечно. Верувајте дека народот знаее да го цени тоа и да го награди. Нема да претерам ако речам дека оваа шанса која ви се укажува е можеби последната шанса Македонија да се избави од магичниот круг на транзицијата и да трне по патот кон просперитетот и стандардите кои владеат во Европа. Таа шанса и доверба ви е дадена и нема да ја изневериме. Да, тешко ќе биде. Да, ќе бара од вас , од нас, многу откажувања од конфорот и ќе има работа и не смееме да се откажуваме”, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски на денешната собраниска седница.
Тој продолжи и додаде дека оваа Влада ќе е Влада на реформи и дела.
„Програмата на владата 2024-2028 е реална и остварливаа. Ќе придонесеме да направиме нешто плус за благосостојбата на својот народ и среќата за своето семејство, комшии и согаѓани”, рече Сајкоски.
Тој истакна дека време е Македонија да зачекори напред
„Време е Македонија да зачекори напред, време е да се справиме со криминалот и корупцијата. Време е способните и одговорните да покажаш што умеат и знаат”, посочи Сајкоски.
Тој потенцираше дека потребите на граѓаните биле преточени во предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ.
„Потребите и барањата на граѓаните беа преточени во предизборна платформа која ја понудивме пред граѓаните и ни се даде добербата оваа платформа ги опфаќа сите барања на граѓаните и се она што треба да го сработиме. Програмата е обемна и за нес ќе разговараме за сите проекти кои се во неа”, дециден е Сајкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со температура до 6 степени
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во западните делови ќе има слаб локален дожд, а на планините снег.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -14 до -6, а максималната ќе биде од интервал од -4 до 6 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и студено со умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -11, а максималната ќе достигне до 3 степени.
Под влијание на циклонска активност од сабота ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и некои од повисоките населени места од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец, а температурата ќе биде во пораст.
Македонија
Министерството за здравство ги разгледува можностите и капацитетите за поддршка на Швајцарија за згрижување на повредените од трагичниот пожар
Министерството за здравство ги разгледува можностите и расположливите капацитети за да ѝ обезбеди соодветна поддршка на Швајцарија во делот на медицинското згрижување на повредените од трагичниот пожар во Кран-Монтана, соопштија од таму.
„Во таа насока, Министерството за здравство веќе постапува во координација со Дирекцијата за заштита и спасување на РСМ, а преку Координативниот центар на ЕУ за одговор на итни случаи (EU ERCC) воспоставен е канал на комуникација и со здравствените власти во Швајцарија.
Воедно, Министерството за здравство изразува искрено сочувство до семејствата на настраданите и најдлабока солидарност со повредените од овој трагичен настан“.
Македонија
Понудена помош за справување со трагичната несреќа: телефонски разговор на Муцунски со швајцарскиот амбасадор Зомер
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, по трагичната несреќа во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, по која беше активиран европскиот механизам за цивилна заштита, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, по остварена консултација со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и министерот за здравство, Азир Алиу попладнево оствари телефонски разговор со швајцарскиот амбасадор во земјава, Кристоф Зомер.
Во рамки на разговорот, Муцунски изрази искрено и длабоко сочувство до семејствата на загинатите, како и до народот на Швајцарија, упатувајќи желби за брзо и успешно закрепнување на повредените.
Во таа насока, министерот ја изрази подготвеноста на Република Северна Македонија да прифати повредени пациенти, како и да обезбеди соодветна медицинска поддршка во домашните здравствени установи.
Дополнително, министерот изрази подготвеност, доколку има потреба, македонски лекари – специјалисти, кои беа директно вклучени во лекувањето на пациентите по трагедијата во Кочани, веднаш да заминат во Швајцарија и да се вклучат во процесот на лекување на повредените.

