Македонија
Сведоштво на жена излекувана од коронавирус во Охрид: „Ме мотивира желбата за живот“
Желбата за живот ме мотивира да ги издржам сите пречки, кои морам да признам, не беа лесни, раскажува Себахат Демирали (65), излекувана пациентка од коронавирус.
Таа 16 дена била хоспитализирана на инфективното одделение во Општата болница во Охрид.
Вели дека сега се чувствува подобро, но сѐ уште при најмал напор има замор и губење на здивот и покрај тоа што пред пет недели ја напуштила болницата.
„Со тек на време се надевам дека ќе ги пребродам здравствените проблеми што ги имам. Терапијата ја добивав на време, бев пациент со потешка клиничка слика и бев изложена на 24-часовна кислородна поддршка поради тоа што имав и други тешки здравствени проблеми“, раскажува Демирали.
Во објава споделена на социјалните мрежи пациентката му заблагодари на целиот медицински персонал за севкупната грижа.
„Тие ни беа на располагање 24 часа во денот. Директорот секој ден доаѓаше во посета кај сите пациенти и ми даваше поддршка, која придонесе да ја пребродам оваа тешка болест. За среќа, закрепнувањето на синот од Ковид-19 беше полесно и побрзо. Сега двајцата сме добро и сме си најголема поддршка еден на друг“, раскажа Демирали.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

