Македонија
Светски ден за безбедност на пациентите – годинава со акцент и на безбедноста на здравствените работници
По повод одбележувањето на 17 септември – Светски ден посветен на безбедноста на пациентите, годинава Светската здравствена организација акцентот го става и на безбедноста на здравствените работници со мотото „Безбедни здравствени работници, безбедни пациенти“.
Здравствените работници се во првите борбени редови во справувањето со Ковид-19 како еден од најголемите здравствени предизвици со кои се соочува светот.
„Заштитата и безбедноста на персоналот е врвен приоритет на Министерството за здравство (МЗ) имајќи предвид дека со заштитата на здравствените работници се штитат и пациенти што се во контакт со нив. Сите јавни здравствени установи во државата располагаат со соодветна заштитна опрема за персоналот и средства за дезинфекција, а воедно Министерството располага со доволно резервни количини, кои се доставуваат до установите во согласност со нивните барања и потреби. Дополнително, на опремата што ја има Министерството за здравство добиени се донации во заштитна опрема во големи количини – повеќе од еден милион парчиња заштитна опрема од секаков вид“, соопштија од МЗ по повод Светскиот ден посветен на безбедноста на пациентите.
Покрај безбедноста на медицинскиот персонал, се додава во соопштението, Министерството е посветено и на стимулирање и мотивирање на кадарот, како и унапредување на статусот на здравствените работници.
„Здравството и здравствените работници се клучниот столб во борбата со Ковид-19 и токму затоа во континуитет апелираме максимално да се почитуваат мерките за заштита“, велат од МЗ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

