Македонија
Свечен настан за 30 години дипломатски односи и цврсто македонско-јапонско пријателство
Во Македонскиот народен театар вчеравечер се одржа свечен настан по повод одбележувањето на значајниот јубилеј – 30 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу РС Македонија и Јапонија.
Пред присутните гости, дипломатскиот кор, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и комесарот за културна соработка на Јапонија, Шуничи Токура, се обрати министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кој изрази уверување дека и во иднина преку заеднички дијалог и соработка ќе работиме на континуитетот и желбата заеднички да ја градиме понатамошната културна соработка меѓу РС Македонија и Јапонија.

„Комесарот Токура од земјата на изгрејсонцето денес е драг гостин во земјата на сонцето, меѓу пријатели, меѓу свои, меѓу луѓе што исклучително високо ја ценат и ја вреднуваат јапонската култура“, рече министерот Љутков изразувајќи благодарност за донациите во културата од Јапонија, кои се знак на пријателство и се драгоцен придонес за развој на македонската култура и зацврстување на меѓусебните односи.
Министерот Љутков го истакна значењето на потпишаниот меморандум за соработка, кој ќе донесе интензивирање на соработката во културата меѓу двете држави, на соработката во рамките на проектите од УНЕСКО и во филмската дејност. Тој го истакна и учеството на Македонија на ЕКСПО ОСАКА 2025 со изложбата на проектот на Кензо Танге за реконструкција на централното подрачје на Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година.

„Искрено сметам дека токму ова се навистина гестови на меѓусебна доверба и пријателство, кои и во иднина очекуваме да се надградуваат и дополнително да ги зацврствуваат културните врски што постојат меѓу нашите две пријателски земји“, рече министерот Љутков на свеченоста во МНТ.
По повод 30-годишнината од дипломатските односи меѓу двете земји, гостите ги поздравија комесарот за културна соработка на Јапонија, Шуничи Токура, јапонскиот амбасадор Оцака Казуја и заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, кои ги истакнаа исклучително добрите билатерални односи, поддршката што Јапонија ја дава на Македонија како еден од најголемите донатори, а беше истакнато и македонско-јапонското пријателство, кое има цврст темел и кое во иднина уште повеќе ќе се продлабочува.

Свеченоста продолжи со концерт на Националниот џез-оркестар, кој изведе композиции инспирирани од македонското изворно творештво, како и авторска композиција на гостинот Нобуо Ватанабе од Јапонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

