Македонија
СДСМ Аеродром: Излевањето на Маркова Река е опомена, ВМРО-ДПМНЕ заборави на уредувањето на нејзиното корито
Излевањето на Маркова река пред само неколку часа ги спречи жителите на Горно и Долно Лисиче да стигнат со своите домови преку патот кој ги поврзува. Минувањето преку мостот на Маркова река на овој потег ја доведува во прашање безбедноста на граѓаните кои го секојдневно го користат овој мост. Излевањето е последна опомена на природата, велат од СДСМ Аеродром.
Според нив, проширувањето на мостот и уредувањето на коритото на Маркова река помеѓу Горно и Долно Лисиче биле дел од приоритетните ветувања на Дејан Митески и Тимчо Муцунски пред четири години.
„Покрај проширувањето на мостот Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ ветуваа и дека „кејот на Маркова река“ ќе го направат „за уживање“. Трим патека, велосипедска патека и урбана опрема по должината на „кејот“ требаше „да го заживеат“ овој дел од Аеродром. Наместо тоа добивме поплавени имоти на жителите на Горно и Долно Лисиче, целосен прекин на сообраќајот и страв и несигурност од поголеми штети. Јавно го прашуваме в.д. градоначалникот Дејан Митески: Зошто 4 години нема ни „п“ од проширување на мостот и ни „к“ од кеј на Маркова река? Кога последен пат е исчистено коритото на Маркова река? Колку казни се изречени во последните 4 години за фрлање ѓубре и отпад во коритото на Маркова река? До кога планирате да ги манипулирате жителите на Горно и Долно Лисиче со разни нереални ветувања како кеј со трим патека, велосипедска патека и урбана опрема по должината на Маркова река? Заборавивте ли дека ВМРО-ДПМНЕ традиционално има најмногу гласови на сите избори токму во Горно и Долно Лисиче?“, се наведува во реакцијата.
Од СДСМ Аеродром го повикуваат в.д. градоначалникот Дејан Митески итно да се зафати со чистење и уредување на коритото на Маркова река со цел да се избегнат поголеми катастрофи и итно да испрати тимови на терен кои ќе направат процена на штетата и да ги разгледа сите можности за обесштетување на граѓаните чии имоти беа поплавени вечерва.
„Крајно време е ВМРО-ДПМНЕ да си понесе одговорност за неодговорното и недомаќинско управување со Општина Аеродром. Дејан Митески и Тимчо Муцунски и начинот на кој тие управуваат со Општина Аеродром се главниот проблем во Аеродром, не системот, не природните катастрофи. Митески и Муцунски со нивната неодговорност и негрижа се директно одговори за последиците од излевањето на Маркова река“, велат од СДСМ Аеродром.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

