Македонија
СДСМ: Антикорупциска да продолжи со истражувања за вработувањата на роднини

ВМРО-ДПМНЕ може да зборува за правда само кога ќе се оградат од криминалите на нивниот почесен претседател, криминалецот Груевски, реагира СДСМ по прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, кој и денеска обвини дека најмалку 19 функционери од власта не поднеле пријави во Антикорупциска комисија.
Од СДСМ велат дека изборните неправилности и поткупи биле симбол на владеењто на ВМРО-ДПМНЕ и тоа завршило со нивното заминување во опозиција.
„Сите исплати за кои лажно обвинува ВМРО-ДПМНЕ се согласно законите, однапред испланирани, и според годишните програми. Ја охрабруваме ДКСК да продолжи со истражувања на сите процеси на вработувања во јавната и државна администрација на роднини на функционери на СДСМ но и на ВМРО-ДПМНЕ“, додаваат социјалдемократите.
Владејачката партија реагира дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува да измислува случаи и да шири лажни вести преку кои бара алиби за изборниот пораз и очајнички да се обидува да добие ситен дневнополитички поен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода делови од Центар и Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Питу Гули бб, општина Центар (во близина на Тинекс), прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Питу Гули, дел од Загребска, Ганчо Хаџипанзов, Капештец, Димитар Пандилов, Караорман, висока зона Козле и Ловќенска-крак 1,3,5 и 7.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, во општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од село Долно Лисиче.(општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт населба Крњево.(општина Центар)
· во периодот од 08.10 до 12.00 часот, корисниците од улица Божидар Рајковиќ, дел од ул. Горноврановска и дел од улицата Горно Лисиче (општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 16.00 часот, корисниците на улиците Ибе Паликуќа, Воин Драшкоци, Веле Марков (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Претежно облачно со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во пораст.