Македонија
СДСМ: Арсовска ги остави скопјани сами да се справуваат со кризата, додека таа вдомува партиски кадри

Скопската градоначалничка Данела Арсовска годинава ќе потроши 670.000 евра на 109 вработувања на партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, но не планира да даде пари за граѓаните на Скопје да не плаќаат поскапо парно, обвини денеска координаторката на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева.
„Арсовска тврди дека Град Скопје нема пари да се вклучи во субвенционирањето на цената на топловодна енергија. За оваа мерка Владата ќе покрие 80 отсто од разликата меѓу реалната и актуелната цена на парното греење, а останатите 20 отсто треба да ги покрие Град Скопје заедно со општините“, посочи Јанчева додавајќи oти ова е факт кој покажува дека градоначалничката не работи за интересите на граѓаните иако е избрана токму за да решава вакви проблеми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ поднесе 160 амандмани за ребалансот на Буџетот

Овој ребаланс е фискално нереален, социјално штетен и без развојна компонента, изјави пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната собраниска расправа за ребалансот на Буџетот.
Таа најави дека СДСМ поднесува 160 амандмани со кои се бара поддршка за итна корекција на, како што рече, штетните политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН.
„Со овој ребаланс нема пари за повредените и семејствата на настраданите во Кочани, нема пари за повисоки плати, нема нови мерки за заштита на стандардот. Владата крати од граѓаните, за да си го зголеми луксузот“, рече Лукаревска.
Таа кажа дека клучни амандмани што СДСМ ги предлага:
-934 милиони денари за поддршка за семејствата на загинатите и повредените во Кочани
-60 милиони денари за реновирање на болницата во Кочани, 20 милиони за нова медицинска опрема
-Медицинска опрема, магнетни резонанци, дефибрилатори, вентилатори, боци со кислород и инсулин
-10% зголемување на платите на наставниците во основното и средното образование
-Бесплатен превоз за ученици од рурални средини
-Зголемени стипендии и поддршка за студенти од социјално ранливи семејства
-Повеќе пари во инфраструктура: за нови училишта, патишта, канализации, здравствени установи, градинки, домови за стари лица, повеќе пари за Сојузот на борци.
„Ова се реални и одговорни предлози. За нив има пари – ако се скрати расипничкото трошење на Владата. Наместо папаја, манго и приватни авиони за функционерите, време е парите да одат кај народот“, нагласи Лукаревска.
СДСМ апелира до сите пратеници, без оглед на политичката припадност, да ги поддржат овие амандмани.
„Ова не е момент за партиска калкулација, туку за солидарност, одговорност и праведност. Македонија заслужува повеќе!“, порача Лукаревска.
Македонија
(Видео) Петрушевски: Јасно е дека Филипче и Заев стојат зад Костадинов

Јасно е дека Филипче и Заев стојат зад Костадинов, бидејќи молчат и не го осудуваат линчот врз новинар.
Костадинов е дете на Заев, кој има доста научено од него, а тоа го гледаме по заканите по живот врз новинар, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Овие закани по живот врз новинар, докажуваат, додава петрушевски, дека СДС нема што друго да понуди освен закани и сеење страв врз народот.
„СДС уште веднаш требаше да го осуди неговиот повик за линч и да ги повика институциите да го истржат случајот, но со молкот докажуваат дека стојат позади неговите изјави.
Во недостаток на политики и аргументирани критики, СДС и Филипче го пуштаат детето на Заев низ вода за да добијат медиумско значение.
Филипче и Заев се црната страна на политиката во Македонија, синоним за неспособност, криминал и устен терор врз граѓаните“, подвлекува тој.
Македонија
Граѓаните може да пријават недостапна здравствена услуга или злоупотреба на клиниките на веб-страницата на Министерството

Министерството за здравство се отвори за жалби на граѓаните од здравствениот систем. Граѓаните веќе може секоја забелешка, жалба од функционирањето на здравството, недостапна здравствена услуга или злоупотреба на клиниките да ја пријават на веб-страницата на Министерството за здравство. Оваа новина ја претстави утрово министерот за здравство, Азир Алиу.

Пријавата е анонимна, но оние што сакаат ќе може да остават телефонски број на кој би можеле да бидат побарани за да им се реши проблемот
„Може да се пријави подолго чекање на некоја клиника или некоја нерегуларност. Има можност да се приложат и фотографии и документи како докази“, рече министерот Алиу.
Пријавата е анонимна, но оние што сакаат ќе може да остават телефонски број на кој би можеле да бидат побарани за да им се реши проблемот, а може и да испратат фотографии и документи за проблемот што го имаат.
Министерот Алиу најави дека на крајот на секој месец ќе објавуваат за кои клиники стигнале најмногу пријави и жалби од граѓаните.
Ова не е единствената техничка новина откога за министер е дојден Азир Алиу, кој претходно беше министер за информатичко општество и администрација. Од викендов на веб-страницата на Министерството за здравство преку алатката „Отворен кабинет“ граѓаните може да закажат 15-минутна средба со министерот секој петок. Министерот Алиу за оваа алатка објасни дека не е само техничка новина, туку став оти институциите мора да ги слушаат граѓаните.
На веб-страницата на Министерството за здравство поставена е и посебна апликација преку која приватните специјализанти може да изразат интерес за вработување во јавните здравствени установи.