Македонија
СДСМ: Арсовски нека побара слики од времето на ВМРО-ДПМНЕ кога на Инфективната немаше вода
Арсовски нека побара слики од времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога на Клиниката за инфективни болести немаше вода, денес Интерните клиники се реновирани по цели 70 години, реагираат од СДСМ на обвинувањата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, дека сите клиники и болници во државава се во катастрофална состојба.
„Срамно, вулгарно и нечовечки е тоа што ВМРО-ДПМНЕ на некрофилски, морбиден начин им се потсмева на жртвите од коронавирусот и нивните семејства, што тера политиканство во време на светска пандемија. По цели 70 години, Венко Филипче и Владата предводена од СДСМ ги реновираа Интерните клиники и заедно со медицинскиот тим од нив направија ковид-центри за згрижување пациенти заболени од Ковид-19. Венко Филипче направи систем со кој во секоја болница има ковид-центар за згрижување пациенти, а овозможи и непречено да функционираат редовните интервенции и прегледи во рамките на ‘Мој термин’“, велат од СДСМ.
Додека целиот свет е под огромен притисок поради пандемијата на Ковид-19, додаваат од партијата, ВМРО-ДПМНЕ единствено што има на дневна агенда е спас на наследникот на Груевски, губитникот Христијан Мицкоски.
„За следната прес-конференција, Димче Арсовски нека земе слики од архивата на ВМРО-ДПМНЕ, од Клиниката за инфективни болести, кога во време на ВМРО-ДПМНЕ таму немаше ни топла вода. Ако Арсовски не знае бидејќи во тоа време беше дел од демократската десница, нека сврти телефон до Будимпешта да го брифираат“, се наведува во реакцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

