Македонија
СДСМ бара оставка од Мицкоски по признанијата и пресудите за „Титаник“
„Пресудите во предметот ‘Титаник’ го потврдија криминалот на ВМРО-ДПМНЕ.
Се потврди дека постоело злосторничко здружение кое ја фалсификувало волјата на граѓаните, вршело изборен поткуп, злоупотребувало пари и институции и незаконско финансирало изборни кампањи.
По вчерашните пресуди, Христијан Мицкоски мора да си поднесе оставка заедно со неговиот Извршен комитет бидејќи ВМРО-ДПМНЕ е нереформирана партија, со истите луѓе што биле дел од судски процеси, со судска пресуда за сторен криминал.
Во ‘Титаник’ обвинети се и поранешните високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и Никола Груевски, Илија Димовски, Кирил Божиновски.
Мицкоски е некогашна десна рака на Груевски, негов советник и генерален секретар.
Во актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се луѓето на Груевски, како Александар Николоски и Владо Мисајловски, но и луѓе за кои има други обвиненија, како Антонио Милошоски и Игор Јанушев.
Затоа, Мицкоски и целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ треба да се повлечат.
СДСМ апелира на ефикасна истрага и завршница на процеси против поранешни и актуелни политичари, без разлика дали се на власт или во опозиција“.
Соопштение на СДСМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

