Македонија
СДСМ Битола: Што знае ДПМНЕ што е оглас за вработување?!
Реакција на СДСМ Битола по прес-конференцијата на Наум Стоилковски кој обвини дека функционерка на СДСМ била вработена во АЕК за плата од 55 илјади денари.
„Три дена ДПМНЕ Врховистичко се мачи и не може да објасни во јавноста дека некаде се случило вработување по распишан оглас.
Во последниот поход за оцрнување на личност, член на ЦО на СДСМ, впрегнати се пратеници, поранешни министри, а еве и портпароли на ДПМНЕ Врховистичко кои, по навика, судат дали некој треба или не да се вработи, дали некој има или не квалитети и исполнува или не критериуми.
ДПМНЕ Врховистичко не може да разбере дека луѓето се вработуваат преку оглас.
Нејасно им е во ВМРО Врховистичко што е тоа оглас за вработување, кои се процедурите и кој го има последниот збор.
Не може да сфатат во ВМРО Врховистичко дека помина времето кога бегалецот од Будимпешта ги диктираше решенијата за вработување по партиските дувла. Вработувањата сега се случуваат по објавен оглас. ОГЛАС! Нешто што беше непознатица за ДПМНЕ Врховистичко и што се врати “на голема врата” од сите нивни градоначалници низ државата.
Оправдувањето на ДПМНЕ Врховистичко за сите нивни партиски и роднински вработувања е “Секој има право да работи”, а всушност шансата ја имаат само тие со членска од ДПМНЕ Врховистичка. Ќе треба време да се помират со реалноста во која се почитуваат законите и процедурите наместо партиската директива“, се наведува во реакцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со повремен локален дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со услови за повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Вo среда ќе има врнежи од дожд, локално пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта, кога во западните делови ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе бидат претежно од снег. Во западните делови се очекува да се формира нова снежна покривка. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег.
Македонија
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
Денеска, по повод големиот христијански празник Бадник на подрачјето на град Скопје ќе се одржи „Бадникова манифестација“ во склоп на „Бадникови Поворки“ со траса на движење од пред општинската зграда на општина Кисела Вода, по ул.„Борис Трајковски“, лево по бул.„Македонија“, во продолжение по ул.„Св. Кирил и Методиј“ до пред Музеј на град Скопје, потоа на ул.„Македонија“ во продолжение се до плоштад „Македонија“ каде што ќе се одржува централната манифестација.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот како и мерки за посебен режим на сообраќај на сообраќајниците каде што ќе се движат Бадниковите Поворки и околу верските објекти.
– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници, велат од МВР.
Македонија
Бесплатен превоз за сите граѓани до ски центрите кај Нижеполе и кај хотелот „Молика“
Општина Битола и јавното претпријатие „Пелалинк“ и оваa зима за време на зимскиот распуст за учениците, но и за сите граѓани ќе обезбеди бесплатен превоз до ски центрите на Баба Планина.
„На 8 и 9 јануари ( четврток и петок ) бесплатно можете да одите до ски центрите кај Нижеполе и кај хотелот „Молика“ и да уживате во убавините на планината“, велат од Општината.
Линијата број 1 за до Нижеполе тргнува во 8:00 часот од паркингот кај Спортската сала, а линијата број 2 е за до хотелот „Молика“ и тргнува во 8:00 часот од паркингот кај Новиот пазар.
Враќањето на двете линии е во 13:00 часот.

