Македонија
СДСМ: Видовме Мицкоски кого вработи во 50 општини што ги водат и во претпријатија во Скопје, ниту млади ниту студенти
Мицкоски мисли изгледа дека граѓаните се наивни и не гледаат каква партизација направија во 50 општини под водство на ВМРО-ДПМНЕ и во јавните претпријатија во Скопје и во другите локални самоуправи. Видовме сите а видоа и граѓаните. Ниту млади, ниту студенти, наместо поддршка за младите и студентите ВМРО-ДПМНЕ во 50 општини, во јавните претпријатија спроведува масовна партизација со неспособни и некадарни послушници, регира СДСМ на ветувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе бидат вработени 500 најдобри студенти во државните институции.
– Само во ЈП Водовод за неколку месеци ВМРО-ДПМНЕ вдомила над 100 партиски членови. Така е во сите општини. 15 милиони денари ќе потроши општина Гази Баба за партиски вработувања, по пет милиони ќе потрошат Аеродром, Кочани, Илинден, а партиски вработувања се изнагледавме и во јавните претпријатија како ЈП Водовод и канализација Скопје и ЈКП Дервен од Велес, велат од СДСМ.
Тие додаваар дека Мицкоски лажно заборува и за намалување даноци, затоа што неговите градоначалници меѓу првите одлуки им се поскапувањата на услугите за граѓаните и ги задолжуваат општините.
– Речиси и да нема општина раководена од ВМРО-ДПМНЕ каде нема поскапи комунални услуги, а општините Прилеп, Аеродром, Бутел, Гевгелија се само дел од општините кои прават милионски задолжувања на своите граѓани, стои во партиското соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

