Македонија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е дефиниција деструктивна партија која дејствува на штета на граѓаните и државата
Во ек на најголема светска економска и енергетска криза пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со недели го одолговлекуваат законското решение со кое на речиси 200.000 граѓани треба финансиски да им се помогне во следните четири месеци. Покрај тоа, ВМРО-ДПМНЕ во Собранието повеќе од една година блокира над 100 закони важни за граѓаните и државата, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата додаваат дека поради неодговорниот однос и блокадите на ВМРО-ДПМНЕ по налог на Мицкоски, државата е оштетена со 100 милиони евра, средства од ЕБОР за поддршка на АД ЕСМ и полесно справување со последиците од енергетската криза.
Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, наместо за граѓаните, оваа партија работи за личните и бизнис-интереси на мала група луѓе од партиското раководство. Тоа е срамно и неодговорно постапување на Мицкоски и неговата партија, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

