Македонија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е партија која е против работниците и минималната плата
СДСМ преку соопштение реагира на изнесените ставови на Христијан Мицкоски за зголемувањето на минималиста плата.
Од партијата наведуваат дека во време на ВМРО-ДПМНЕ работниците имаа едвај 8.9000 денари минимална плата.
ВМРО-ДПМНЕ е партија која е против работниците. Груевски и Мицкоски ја промовираа нашата земја како рај за евтина работна сила.
Денес Мицкоски лицемерно кажува дека ја поддржуваат минималната плата. Додека неговите економисти јавно се противат на покачувањето на минималната плата. Трајко Славевски и Данела Арсовска се први на фронтот за спречување на раст на платите.
Дополнително, ВМРО-ДПМНЕ во изминатите четири години ги спречи сите закони кои беа во интерес на покачување на приходите на граѓаните. Ги спречуваше растот на платите на лекарите и финансиската поддршка во време на криза.
СДСМ ја покачи минималната плата на 18.000 денари, со што за само 4 и пол години имаме двојно покачување од минималната плата од онаа од времето на ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ е партија која ги штити работниците, но и ги поддржува и компаниите, се вели во соопштението од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
По случајот со починатото новороденче на ГАК, Комисијата за стручен надзор констатирала дека реанимациската постапка е спроведена по протокол
Комисијата за стручен надзор за случајот со починатото новороденче на ГАК констатирала дека реанимациската постапка е спроведена по протокол, соопшти Министерството за здравство.
По извршениот надзор за случајот со починатото новороденче на Клиниката за гинекологија, Комисијата за стручен надзор има донесено заклучоци, соопштија од таму.
„Врз основа на целокупната медицинска документација, исказите на медицинскиот персонал и обдукцискиот наод, Комисијата за стручен надзор заклучи дека се работи за предвремено новороденче, со тешка конатална инфекција, респираторен дистрес и нарушена белодробна функција поради незрелото белодробие и инфламаторен процес во рамки на инфекција, со наод на спонтан, парцијален пнеумоторакс, радиолошки верифициран во првите часови по раѓањето.
Поради тежината на состојбата и посочените ризици новороденчето е поставено на механичка вентилација четири часа по раѓањето и поради конатална инфекција веднаш е поставено на антибиотска терапија.
Во текот на лекувањето е индицирана промена на антибиотската терапија со оглед на лабораториските наоди во прилог на септична состојба .
Поради влошување на состојбата било индицирано реинтубирање од дежурен лекар поради појава на масивен десностран пнеумоторакс, итно е поставен торакален дрен и уредно е спроведена реанимациска постапка по протокол“.
Македонија
Новогодишни пакетчиња за децата од ОУРЦ ,,Д-р Златан Сремец”, „Димитар Влахов” и децата со оштетен слух и говор од ООУ “Кузман Јосифовски-Питу”
Градоначалничката на Општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска и отец Оливер Петровски од Хуманитарната Организација “Св. Спас”, денес ги посетија дечињата од ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“, ДУРДМОВ „Димитар Влахов“ и децата со оштетен слух и говор од ООУ “Кузман Јосифовски-Питу“. Во рамки на посетата, им поделија новогодишни пакетчиња и им посакаа среќни празници. Градоначалничката посочи дека задоволството од ваквите средби претставува дополнителен поттик за континуирана работа, со јасна определба Општина Кисела Вода и во 2026 година активно да спроведува политики и мерки за унапредување на квалитетот на живот на лицата со попреченост.
-Секогаш се радувам на средбата со овие дечиња и на можноста Новогодишните и Божикните празници да им ги збогатиме со мигови на кои ќе се сеќаваат. Заедно со мојот драг пријател отец Оливер Петровски и хуманитарната организација „Свети Спас”, каде со негова поддршка оваа денешна благородна мисија е успешна, им поделивме пакетчиња и им посакавме среќни празници и година исполнета со многу здравје и радост. Големо е задоволството кога ја гледаме радоста кај нив, а нашата заложба е и во 2026 година, Општина Кисела Вода активно да продолжи со спроведување бројни иницијативи и проекти насочени кон поддршка и унапредување на квалитетот на живот на лицата со посебни потреби. Веруваме дека преку нашите континуирани активности ќе дадеме значаен придонес во унапредување на инклузивноста, создавање општество без предрасуди и обезбедување еднакви можности и права за лицата со попреченост-истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска, повикувајќи ги сите деца од општината во вторник, 30.12., од 10:00ч.во паркот Шопен на заедничка дружба и Новогодишна програма.
Македонија
Лукровски и советот на Општина Карпош го изгласаа општинскиот буџет и програмите за работа за 2026 година
Советот на Општина Карпош заседаваше по шести пат, при што советниците расправаа и полноважно одлучуваа по околу триесетина точки кои се најдоа на денешниот дневен ред. Првенствено, мнозинска поддршка доби Предлог – Решението со кое беа именувани претседател и членови на Комисијата за изработка на Програмата за работа на Советот за 2026 година. Советот ја изгласа и Одлуката за утврдување надоместок на членовите на Општинска изборна комисија – Карпош и избирачките одбори на подрачјето на општина Карпош, за извршената работа во подготовката и спроведувањето на Локалните избори 2025 година.
Со истата динамика беа поддржани и 17 годишни Програми за работата на Секторите и Одделенијата од Општина Карпош за 2026 година. По детално разгледување на компонентите од кои е составен, беше изгласан и Буџетот на Општина Карпош за 2026 година. Имено, според образложението, Министерството за финансии ја извести локалната самоуправа дека максималниот износ на сопствените приходи на основниот буџет за општина Карпош за 2026 година ќе изнесува 608.436.000 денари. Притоа, средствата кои општината ќе ги добие како приход од ДДВ за 2026 година изнесуваат 28.978.000 денари, а средствата доделени од Владата на РСМ изнесуваат 615.020.279 денари. Планираниот пренесен вишок на приходи од претходната година изнесува 80.000.000 денари, така што висината на вкупниот износ на основниот Буџет на општина Карпош ќе изнесува 1.332.434.279 денари.
Земајќи го сето ова во предвид, Консолидираниот Буџет на Општина Карпош за 2026 година ќе изнесува 2.159.676.279 денари и истиот ги содржи планираните извори на приходи од кои ќе се финансираат расходите за 2026 година.

