Македонија
СДСМ во Ново Село: Да се обединиме за европска иднината, со глас за Европа
СДСМ секојдневно е рамо до рамо со граѓаните, со народот. Денеска во Ново Село, во рамки на интензивните теренски активности на партијата беа генералниот секретар Миле Зечевиќ Вардарски и претседателот на комисијата за транспорт и врски, Митко Трајчулески.
Како државничка и одговорна партија, предводник на концептот за Европска Македонија ги повикуваме сите општествени чинители и политички партии, да се обединиме, да го продолжиме вистинскиот пат, со глас за Европа во македонското Собрание, порача на маалска средба, рамо до рамо со жителите на Ново Село, генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски.
Во овие важни, би рекол историски моменти, мора да разбереме дека нашиот колективен глас има огромна моќ кога е во прашање иднината на нашиот народ и на сите граѓани, додаде Зечевиќ.
-Мораме да разбереме и да запомниме дека нашиот колективен глас има огромна моќ за иднината на нашиот народ, на сите граѓани. ЕУ е национален интерес не само заради севкупен напредок на државата. Членството во ЕУ го бетонира, го обезбедува македонскиот идентитет, сигурноста на земјата и го зголемува нејзиното влијание на меѓународна сцена. Глобално не позиционира на мапата на влијателни светски држави. Глас за Европа денеска значи глас во самата ЕУ утре, рамноправни, рамо до рамо со земјите членки на Унијата, со големите државотворни народи. Во секој процес на донесување одлуки на ЕУ да бидеме вклучени, рамноправно. Да ги браниме и европските вредности ама и македонските национални интереси седнати на големата маса во Брисел. Тоа современ патриотизам. СДСМ е и ќе биде движечката сила зад напредокот на македонската држава, но повикувам на разум и ставање на државните интереси на прво место од страна на сите политички субјекти, и на ВМРО-ДПМНЕ. Да се обединиме за европска иднина, рече Зечевиќ.
Освен политичка стабилност, безбедност и сигурна иднина членството во ЕУ значи и севкупно унапредување на животниот стандард, додаде Зечевиќ.
-Членството во ЕУ им овозможува и на македонските компании и на македонските земјоделци пристап до пазар од 450 милиони потрошувачи. Пристап и до значителна финансиска помош, преку различни програми и фондови. Платформата за понатамошно интегрирање во Европа, е платофрма и подобрување на животниот стандард. Значењето сите го разбираме, затоа и нашата посветеност и нашата одговорност кон европскиот проект мора да биде непоколеблива, рече генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски.
Претседателот на партиската комисија за транспорт и врски, Митко Трајчулески, пред жителите на Ново Село посочи дека СДСМ реализира бројни капитални инфраструктурни проекти.
-СДСМ инвестира во развој на патната инфраструктура низ целата држава. Пример за тоа е и обновата на патот Струмица-Ново Село но и експресниот пат кон Штип, рече Трајчулески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Угинат балкански рис најден на патот Ресен – Охрид, постојат само 50-тина единки од овој вид
Угинат рис денеска е пронајден на патот Ресен – Охрид. Од Македонското еколошко друштво (МЕД) велат дека ваквиот случај не треба да нè остави рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-ина единки на балканскиот рис.
„По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.
Од таму велат дека за зачувување на загрозените видови потребно е да се изградат зелени мостови.
„Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот“, велат од МЕД.
фото/Facebook/Македонско еколошко друштво
Македонија
Ѓорѓиевски на ифтарска вечера: Ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, присуствуваше на ифтарска вечера.

„Таму каде што почитта нè обединува! Вечерва, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул-Улема, присуствував на традиционалната ифтарска вечера со нашите браќа и сестри од исламска вероисповед. Во духот на меѓусебната почит, разбирање и искрена човечка блискост, вечерта помина во пријатна и топла атмосфера, испраќајќи силна порака за соживот, толеранција и заедништво. Токму ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство, а почитта, наш заеднички темел“, напиша Ѓорѓиевски.

Додаде дека рамазанските денови се денови на духовна сила, добрина, солидарност и обединување, денови кога се отвораат срцата, кога се помага на ближниот и кога уште повеќе се зацврстуваат врските меѓу луѓето.
„Да продолжиме да се почитуваме, да се поддржуваме и да останеме сплотени, за заедно да ја оствариме нашата мисија – силно и модерно Скопје и просперитетна Македонија“, напиша градоначалникот.
Македонија
Предлогот за минимална плата од 600 евра не помина на Комисија во Собрание
Предлогот минималната плата да се зголеми на 36.960 денари (600 евра) од март, денеска не помина на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, откако официјално беше поднесен од пратеничката група на СДСМ.
Од опозицијата обвинија дека власта освен предлогот за јавна расправа го одбила и разговорот меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.
„Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, поднесен од пратениците на СДСМ денеска не беше прифатен на собраниската Комисија за економски прашања. За законот дебатираа само пратениците од опозицијата. Власта го одби и предлогот за јавна расправа, одби разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. Одбија решение за работниците. Одбија 600 евра минимална плата“, велат од СДСМ.
Според нив, власта има пари за луксузирање, за мебел, чанти, авион ама нема за поголеми плати за раотниците.
„Парите за авионот не е исфрлени, нема реабаланс на Буџетот, затоа што немаат намера да се откажат. Гледаме координирана кампања на 40% од медиумите кои ги држат во сопственост преку Орбан, со наратив дека „потребен е авион“. Не запираат. Има за авион. Има за мебел. Нема за плати. Дефокус не го полни фрижидерот. Со дефокус не можете да ја оттурнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари?“, прашуваат од СДСМ.

