Македонија
СДСМ: Во 2023 година Мицкоски и ДПМНЕ не направија ништо за граѓаните, блокираа и кочеа
На крајот на 2023 година ќе остане забележано дека Мицкоски и ДПМНЕ не направија ништо добро, ништо корисно, буквално ништо за граѓаните и државата, велат од СДСМ преку соопштение.
Цела 2023 година ДПМНЕ и Мицкоски ја кочеа државата и ги блокираа законите во Собранието кои се од интерес на сите граѓани.
Дури и во Извештајот на ЕК јасно беше посочено дека ДПМНЕ и Мицкоски се кочничари на реформите, на напредокот и европскиот пат.
Иако имавме успешен скрининг, иако имаме огромна меѓународна поддршка и отворени врати во ЕУ, не продолжува со отворањето поглавја поради блокадата на европскиот пат од страна на ДПМНЕ и Мицкоски.
Тоа е истата партија којашто се противеше на членството во НАТО.
Бројни закони во интерес на граѓаните беа блокирани од страна на ДПМНЕ во македонското Собрание.
Блокадите и кочењата на европската иднина на државата ќе го доживеат финалниот пораз на изборите во годината што доаѓа, велат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

