Македонија
СДСМ ги повикува институциите да го истражат случајот за примен поткуп на функционер од ВМРО-ДПМНЕ
„Пред неколку дена јавноста беше сведок како функционер на ВМРО-ДПМНЕ, вработен во државна институција примил поткуп од 600 евра од еден земјоделец од радовишкото село Бучим.Полицијата му поднесе кривична пријава на Игор Гоцевски преку Јавното обвинителство во Струмица откако го приведе со обележани банкноти во износ од 36.000 денари“, соопшти СДСМ.
Според партијата, Гоцевски е член на Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, а го води партискиот центар за аналитика.
„Тој е дел од тимот на Христијан Мицкоски и ја спроведува криминалната политика на ВМРО-ДПМНЕ која со закани и страв сака да ги држи граѓаните под контрола.Овој случај е потврда каква е политиката на ВМРО ДПМНЕ. Ако нивниот функционер ова го правел кога неговата партија не е на власт само може да се претпостави што правел Гоцевски и уште многу други како него кога на власт беше режимот на Никола Груевски.Настанот потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ владееле со закани и уцени сеејќи страв кај земјоделците кои биле принудувани да даваат поткуп на партиски и државни функционери, тогашни тимски играчи на Груевски, а сега на Мицкоски“, се вели во соооштението, во кое се додава дека ова потврдува и дека ништо не е сменето во партијата предводена од Мицкоски
СДСМ ги повикува институциите да постапат одговорно и професионално во случајот со примениот поткуп на партискиот функционер на ВМРО-ДПМНЕ, но и да проверат дали постојат и други земјоделци-жртви на криминалците на Мицкоски.
„Ги охрабруваме граѓаните да ги пријават сите државни службеници кои ќе се обидат да им изнудат поткуп или ќе ги уценуваат на каков било начин, без разлика дали се или не се функционери на партии. Со падот на режимот на ВМРО-ДПМНЕ заврши ерата на криминално и коруптивно владеење и затоа нема да дозволиме заради алчни лични и партиски интереси да се загрозува слободата и правото на државна парична помош за ниту еден земјоделец.СДСМ е одлучна во борбата против криминалот, денес правната држава функционира, а законите важат за сите подеднакво“, се додава во соооштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

