Македонија
СДСМ донира пакетчиња за дечиња на слепи родители и на дечиња од Украина
Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев, и организациониот секретар Вангел Андрески, денеска, во името на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, донираа пакетчиња за дечиња на слепи родители или родители со оштетен вид и им посакаа среќни празници и спокојна 2023 година.
Донацијата преку Црвениот крст на Град Скопје е предадена на Здружението на слепите лица со оштетен вид.
Во рамките на хуманитарните акции СДСМ донира пакетчиња и на дечињата од Украина, кои со своите родители се во привремен престој во нашата татковина.
Хуманоста, солидарноста, помагањето се социјалдемократски вредности, а споделувањето, макар и најмала радост, е значајна и вредна за секоја човечка или детска насмевка.
Да помагаме, да се поддржуваме, тоа е човечки, тоа е социјалдемократски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДУИ: Бурим Латифи од МЕПСО потроши 15.000 евра за купување цвеќе
Демократската унија за интеграција денеска извести за неодговорното работење на Бурим Латифи кој како директор на МЕПСО реализирал тендери за хортикултурно уредување.
Денеска сме тука да ја известиме јавноста за несовесното работење на МЕПСО, и нивниот директор Бурим Латифи, кадар на партијата на Изет Меџити и негов прв братучед, кој наместо да го подготви електроенергетскиот сектор за престојната зима, реализира тендери за хортикулурно уредување, или народски кажано купува цвеќиња за сума од над 1.000.000 денари.
Првата активност на новиот директор, братучед на џентлменот Меџити, уште пред да се запознае со неговите вработени, е да купи цвеќе.
Ова е целосно недомаќинско работење на компанија чија главна задача и е енергетскиот сектор, а не купување на цвеќиња за 15.000 Евра во време кога граѓаните не можат да ги плаќат сметките за електрична енергија.
Замислете, наместо да им се помогне на граѓаните во делот на енергетската сиромаштија МЕПСО со Бурим Латифи плаќаат цвеќиња- калемени рози по 9.000 ден парче“, велат од ДУИ.
Ги повикуваат институциите да постапат веднаш а тие како што напоменуваат ќе ги следат на дневна основа „сите нелегитимни узурпатори на институциите во нивното работење“ и најавија дека ќе ги известат надлежните институции за сите злоупотреби.
Македонија
„Пајакот“ крена 148 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар минатата недела
ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 30.09. до 06.10.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 148 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
„ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар“, се нагласува во соопштението.
Македонија
(Вознемирувачко видео) Седум кученца живи фрлени во контејнер во Кочани
Вработените во КЈП „Водовод“ во Кочани, задолжени за собирање и складирање на отпадот, при нивната редовна работа во контејнер за отпадоци пронајдоа вреќа со седум мали живи кутриња, фрлени на нехуман начин заедно до другото ѓубре.
Од претпријатието нагласија дека секојдневно се соочуваат со отпад за кој не се задолжени да го собираат, како градежен шут, електронски и медицински отпад, но овој случај ги надминал сите граници.
Оваа случка стана вирална и предизвикува многубројни негативни коментари на социјалните мрежи.